Четворица претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја напуштија украинската нуклеарна централа Запорижја на 5 септември, а двајца членови на мисијата на МААЕ останаа на станицата, соопшти украинската компанија за генерирање нуклеарна енергија Енергоатом преку порака на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Денеска, 5 септември 2022 година, четворица од шесте претставници на инспекцискиот тим на МААЕ ја завршија својата работа во нуклеарната централа Запорижја и го напуштија местото на централата“, се вели во извештајот.
Во исто време, двајца експерти на МААЕ се очекува да продолжат да работат во нуклеарната централа на постојана основа.
Како што е соопштено, руската војска, нивната опрема и муниција остануваат во нуклеарната централа Запорижја.
Мисијата на МААЕ го посети ЗНПП на 1 септември. Истиот ден, повеќето членови на мисијата го напуштија објектот.
Нуклеарната централа Запорижја, најголемата во Европа, е окупирана од руската војска од 4 март. Оттогаш, напаѓачите поставија воена опрема и муниција на станицата, гранатирајќи ја околината.
ОН, САД и Украина ја повикаа Русија да ја повлече воената опрема и персоналот од нуклеарната постројка.
Подготви: Д.Мишев