Пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски вчера бил хоспитализиран на Инфективната клиника, откако имал покачена температура и симптоми на коронавирус, објави „Zyrtare.net“ од извори блиски до партијата.
Епидемиолошката анкета е веќе почната, од што ќе зависи и работата на Собрнаието со фичико присуство. Како што пренесува сдк.мк, нивни извори дознаваат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, веќе го контактирал д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, и бил известен дека епидемиолози од Центарот за јавно здравје ќе ги анкетираат пратениците поединечно за контактите со него, по што ќе се одлучи дали сите 120 пратеници ќе одат во самоизолација или поединци.












