• Latest
фото: ДПА архива

Ескалација на насилството меѓу криминалните банди, во Стокхолм подметнати бомби

February 7, 2024
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ескалација на насилството меѓу криминалните банди, во Стокхолм подметнати бомби

February 7, 2024 09:16
in ВЕСТИ, СВЕТ
фото: ДПА архива

фото: ДПА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Експлозии од подметнати бомби во Стокхолм се слушаат веќе четири ноќи по ред, откако по три месеци релативно затишје, повторно ескалираше насилството меѓу криминалните банди во Шведска.

Во овие експлозии нема жртви, а причинета е само помала материјална штета бидејќи тие првенствено биле темпирани како предупредување до луѓето од криминалното подземје. Сите експлозивни направи биле поставени пред влезовите на станбени згради и куќи во кои биле регистрирани познати членови на кланот Фокстрот или членови на нивните семејства. Локалните медиуми посочуваат дека мета главно биле адресите на кои живееле уапсени или осудени членови на кланот Фокстрот, што се толкува како порака дека нема да можат да се чувствуваат безбедно ниту во затвор.

– Интензитетот на насилството се движи во бранови и ситуацијата може брзо да се промени во која било насока. Во последната недела, конфликтите се забрзаа, изјави Томи Густафсон, полициски службеник од одделот за организиран криминал, за дневниот весник Aftonbladet, додавајќи: Се чини дека има внатрешен конфликт во самиот Фокстрот, а исто така во тек е и конфликт помеѓу Фокстрот и мрежата Дејлен.

– Бројот на насилни злосторства се намалува, но ако го погледнеме криминалот во овие мрежи, тој е главно континуиран. Гоневме многумина и тоа беа ефективни мерки против симптомите, но иницијаторите на ова кривично дело сè уште се исто толку активни, вели Хана Парадис, зборувајќи за минатонеделните две убиства во Гетеборг, за кои се уште нема уапсени. – Ќе ни требаат години за да го решиме, можеби дури и децении. Не смееме да мислиме дека насилството во криминалните кланови исчезна само затоа што јануари беше помирен. Проблемот сè уште постои, криминалот е главно континуиран, а иницијаторите на криминалот се подеднакво активни, изјави за Дагенс Хана Паради од полицискиот штаб во Стокхолм.

Во центарот на конфликтот со организираниот криминал во Шведска во последниве години е 38-годишниот Рава Маџид, шведски и турски државјанин со курдско потекло и водач на до неодамна моќниот клан Фокстрот, за кој се верува дека се крие во Блискиот Исток. Маџид, познат и како Курдска Лисица, е обвинет за септемврискиот бран насилство во околината на Стокхолм во кој беа убиени десет членови на криминалното подземје, како и двајца случајни минувачи.

Полицијата проценува дека во моментов во Шведска дејствуваат 9.000 членови на криминални кланови, на кои им помагаат околу 30.000 поврзани лица. Само во Стокхолм има околу 50 активни кланови, од кои многу сега се во судир со Фокстрот, неодамна ослабен со серија апсења и полициски акции низ Европа поради нелегалниот пазар на дрога.

Tags: експлозиикриминалШведска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ