По објавеното видео од синоќешната седница на коешто се гледа како Артан Груби од ДУИ му мавта на претседателот на Собранието со знак да ја прекине седницата, Груби се јави со прес конференција за медиумите.
На пресот изјави дека не очекува од образовани новинари така да постапуваат, во однос на толкувањето на неговото мавтање со раце. Груби вели: „Од каде тоа мислење, јас не му реков да прекине седница туку да го прекине Мицевски“. Ете тоа било работата со мавтањето!