• Latest
Фотографија: Скриншот

Какви ознаки носеле полицајците кои го спречиjа апсењето на Додик; Српско знаме на шлемот; „The Punisher“ стилизиран череп на опремата

April 29, 2025

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Какви ознаки носеле полицајците кои го спречиjа апсењето на Додик; Српско знаме на шлемот; „The Punisher“ стилизиран череп на опремата

April 29, 2025 09:57
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Фотографија: Скриншот

Фотографија: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Симболи на Србија и контроверзни симболи на херои од стрипови, заедно со грбовите на полицијата на Република Српска – сето ова можеше да се види на полицајците кои го спречија апсењето на Милорад Додик, претседателот на РС, на 23 април во Источно Сараево, пишува РСЕ на српски јазик.

Тројца невооружени инспектори на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на Босна и Херцеговина дојдоа во Административниот центар на Владата на РС, каде што Додик одржуваше состанок.

Маскирани полицајци, вооружени со долги цевки, не им дозволија на инспекторите да влезат во зградата, по што се повлекоа.

Како што претходно објави СИПА, тие беа пречекани од службениците на МВР на РС кои го обезбедуваат објектот, како и од обезбедувањето на претседателот на ентитетот.

Еден ден подоцна, кога Додик ја продолжи својата официјална посета на Источно Сараево, претставници на специјалната полиција од РС во полна опрема можеа да се видат на улиците на овој град.

Судството на БиХ со недели се обидува да го притвори Додик, кој е осомничен за напад врз уставниот поредок.

Според фотографиите на Радио Слободна Европа, како и на медиумските агенции Ројтерс и Асошиејтед Прес, еден од полицајците на шлемот го носел знамето на Србија, во црно-бели бои.

На 27 март, Уставниот суд на Босна и Херцеговина донесе одлука за  неуставните  измени на  Законот за употреба на знамето, грбот и химната на РС, усвоен минатиот ноември, во кој се наведува дека покрај симболите на ентитетите, можат да се користат и симболи на други земји.

Сепак, беше оценето дека спорниот Закон овозможува „трајно прикажување на симболи на странски земји без јасно дефинирани услови“.

„Ова отвора простор за произволна и политички мотивирана практика, која ја нарушува државноста, суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на Босна и Херцеговина“, се наведува во судската одлука.

Истиот тој полицаец носел стилизиран череп на градите, симбол на „Punisher“, контроверзен лик од стриповите на Марвел, кој во последниве години се поврзува со екстремистички групи и поединци кои го величаат насилството.

Некои припадници на американската војска го користат овој симбол, чија употреба стана широко распространета на почетокот на војната во Ирак, пред повеќе од 20 години.

Исто така, едно од лицата кое било пред Владата на РС кога бил обидот за апсење, носело панцир со штит со ознака СССС  на задната страна, што укажува на припадност на српската армија.

Според Законот за полиција и внатрешни работи на РС, изгледот и ознаките на униформата се пропишани со посебен правилник, кој го издава министерот на предлог на директорот на полицијата.

Неправилното носење на униформата се класифицира како лесно кршење на должноста, за што може да се изрече писмена опомена или парична казна од 10% од платата.

Центарот на Владата на РС бил заштитен од „обични“ припадници на полицијата на Република Српска, како и од припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) и Жандармеријата на РС.

САЈ е посебна организациска единица во рамките на Министерството за внатрешни работи на РС, која порано се нарекуваше Специјализирана полициска служба, а сегашното име го доби во 2016 година.

Меѓу другото, тие се занимаваат со сузбивање на тероризмот, откривање и фаќање на организирани криминални групи и поединци и воспоставување ред и мир во ситуации со висок ризик.

Покрај натписот „САЈ“ на нивните маски и гради, нивните членови ги носат симболите на оваа единица на шлемовите и ракавите, што може да се види на фотографиите.

Симболот „САЈ“ е бел двоглав орел на црвено-сино-бела тробојка.

Жандармеријата на РС функционира како дел од Полициската управа, а претходно се нарекуваше Единица за поддршка.

Меѓу другото, се занимава со безбедноста на граѓаните и имотот, одржува ред и мир на ризични јавни собири и ја поддржува редовната полиција кога спроведува дејствија со зголемен ризик.

Припадниците на жандармеријата го носат амблемот на РС на левата рака (тробојка со кирилични букви „РС“ напишани на триколорот) на црвена позадина.

Од десната страна, тие го носат симболот на жандармеријата – кириличната буква „Ж“, стилизирана така што нејзината средна линија изгледа како меч.

Жандармеријата е еден вид „замена“ за резервните полициски сили, кои властите на РС сакаа да ги воведат порано.

Сепак, по голем меѓународен притисок, таа беше напуштена, па во 2019 година поранешната Единица за поддршка беше преименувана во Жандармерија.

Д. Т. 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ