• Latest

ЕУ бара од Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија

January 27, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЕУ бара од Босна и Херцеговина да воведе визи за граѓаните на Русија

January 27, 2023 13:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија (ЕУ) бара од Босна и Херцеговина (БиХ) како земја кандидат да воведе визи за граѓаните на Руската Федерација.

„Очекуваме БиХ, како земја-кандидат, целосно да ја усогласи својата надворешна, безбедносна и трговска политика со политиките на ЕУ. За да функционира добро безвизниот режим со ЕУ, се очекува и БиХ целосно да се усогласи со визната политика на ЕУ, која не предвидува безвизен режим со Русија“, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина за Радио и телевизија на Република Српска (РТРС).

ЕУ се повикува на извештајот објавен во декември 2022 година, во кој се наведува дека Босна и Херцеговина продолжува да ги исполнува критериумите за визна либерализација со Шенген зоната, но препорачува Босна и Херцеговина „како приоритетно прашање да ја усогласи својата визна политика со листата на трети земји на кои им се потребни визи за ЕУ, особено на оние  трети земји кои претставуваат ризик од нерегуларна миграција или ризик за безбедноста на ЕУ“.

Во Извештајот за напредокот на Европската комисија се посочува дека БиХ треба да воведе визи за Русија, при што се истакнува дека БиХ има безвизен режим и со Азербејџан, Бахреин, Кувајт, Оман, Катар и Турција.

„БиХ не издава визи на граница. За да има добро функционален миграциски систем во безбедно опкружување, земјата мора да ја почитува визната политика на ЕУ“, се вели во извештајот.

Реагирајќи на барањето на ЕУ за воведување визи за државјани на Русија, руската амбасада во Сараево оцени дека ЕУ „поставува премногу барања на Босна и Херцеговина“.

Во соопштението доставено до РТРС, тие наведуваат дека постојниот Договор за безвизен режим обезбедува поволни услови за развој на врските меѓу двете земји.

„Убедени сме дека сегашната правна рамка првенствено одговара на интересите на Босна и Херцеговина, една отворена земја која ЕУ се обидува да ја претвори во колонија“, велат од руската амбасада во Сараево.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БиХЕвропската УнијаРусија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result