Новиот шеф на трговијата на Европската унија, Марош Шефчовиќ, одговорен за преговорите по Брегзит, изјави за Би-Би-Си дека „пан-европската [царинска] област е нешто што би можеле да го разгледаме“ како дел од дискусиите за „ресетирање“ меѓу Обединетото Кралство и ЕУ.
Тој се осврна на идејата Обединетото Кралство да се приклучи на Пан-евро-медитеранската конвенција (ПЕМ).
Ова се заеднички правила кои дозволуваат делови, состојки и материјали за производство на синџири на снабдување да се набавуваат од десетици земји во Европа и Северна Африка за да се користат во трговијата без царини.
Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Шефчовиќ рече дека идејата сè уште не е „прецизно формулирана“ од Лондон и дека „топката е на теренот на ОК“.
Би-Би-Си дознава дека владата на Обединетото Кралство започнала консултации со бизнисот за придобивките од планот ПЕМ што може да помогне да се намали бирократијата и да се подобри трговијата.
Се уште не е донесена конечна одлука.
Подготви: Д. Мишев