ЕУ делегацијата во Србија на социјалната мрежа Х соопшти дека се многу загрижени денешниот инцидент против демонстрантите при што беше повредена студентка откако во неа удри автомобил додека стоеше на сообраќајна блокада во Белград, и посочија дека правото на собирање мора да се заштити кога тоа се остварува мирно.
Истовремено истакнаа дека очекуваат брза истрага.
„Многу сме загрижени поради денешниот инцидент против демонстрантите. Очекуваме брза истрага и на повредената студентка и посакуваме целосно закрепнување. Правото на собирање е основно право кое мора да се заштити кога се остварува мирно“, соопшти Делегацијата на социјалната мрежа Х.
Полицијата по инцидентот го уапси возачот, на кој му е одреден 48 часовен притвор и се товари за кривично дело – „Тешко убиство во обид“
М. Д,