Дваесет и седум членки на ЕУ вечерва им доделија кандидатски статус на Украина и на Молдавија, објави во Брисел претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, нарекувајќи ја одлуката „историски момент“ во екот на руската агресија, пренесува МИА.
„Договор. Европскиот совет штотуку донесе одлука за доделување статус кандидат за ЕУ на Украина и Молдавија. Историски момент“, напиша претседателот на Европскиот совет на Твитер.
„Денешниот ден означува клучен чекор на вашиот пат кон ЕУ“, порача Мишел.
Тој, исто така, објави дека лидерите „ја препознале европската перспектива и подготвеноста да и се додели кандидатски статус на Грузија кога таа ќе ги реши преостанатите приоритети“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа преку видео линк пред Европскиот совет одржа краток говор по повод историската одлука со која на Украина и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ.
-Една од најважните одлуки за Украина во сите триесет години од независноста на нашата земја. Сепак, оваа одлука не е само за Украина, рече украинскиот претседател.
„Ова е најголемиот чекор во зајакнувањето на Европа што може да се направи токму сега, токму во наше време, и токму во такви услови, кога руската војна ја испитува нашата способност да ја зачуваме слободата и единството. Благодарение на самитот на сите европски лидери“,додаде Зеленски.
-Благодарност до нашите херои, до сите оние кои со оружје во рацете ја бранат независноста на Украина и слободата на Европа. Ви благодарам! Ви благодариме што ја направивте новата историја на Европа уште посилна, уште послободна. Слава на Украина!, рече Зеленски во обраќањето до лидерите од Советот на ЕУ во Брисел, на кој неговата земја се стекна со статус кандидат за членство во ЕУ.
„Сепак, ние сме подготвени да го направиме тоа заедно за да обезбедиме подобра иднина за (молдавските) граѓани“, рече Санду.
„Денес е добар ден за Европа“, напиша таа, честитајќи им на претседателите на Украина и на Молдавија.
„Вашите земји се дел од европското семејство. Денешната историска одлука го потврдува тоа“, додаде Фон дер Лајен во објавата на Твитер.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја поздрави одлуката за тоа што на Украина ѝ се даде кандидатски статус за членство во Европската Унија.
– Ова е историска одлука со што се испраќа силен сигнал до Русија во сегашниот геополитички контекст, истакна Макрон.
Европски и украински лидери синоќа со ентузијазам ја дочекаа одлуката