• Latest

ЕУ постигна договор за нова регулатива која ќе го скроти „дивиот запад“ на Интернет

April 23, 2022
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Повредени девет лица во напад со нож во воз во Велика Британија, полицијата уапси двајца осомничени

November 2, 2025

ЦИВИЛ им се обрати на набљудувачите: Доследност, непристрасност, тимска работа и професионалност

November 2, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни, ЦИВИЛ на терен со 60 набљудувачи

November 2, 2025

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЕУ постигна договор за нова регулатива која ќе го скроти „дивиот запад“ на Интернет

April 23, 2022 13:12
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија денеска постигна договор за регулатива за дигитални услуги што ќе бара од големите технолошки компании да отстранат штетна содржина, што е најнов потег на Унијата со цел да ги ограничи светските интернет гиганти.

Законот за дигитални услуги (ДСА), вториот дел од големиот проект за регулирање на технолошките компании, има за цел да обезбеди построги последици за платформите и веб-страниците со долга листа на забранети содржини кои се движат од говор на омраза и дезинформации до фотографии од сексуална злоупотреба на деца.

Претставниците на ЕУ и парламентарците конечно постигнаа договор денеска во раните утрински часови во Брисел за закон на кој се работи од 2020 година, пренесе Хина.

– Да, постигнавме договор, напиша на Твитер европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон.

– Со ДСА времето на големите интернет платформи кои се однесуваат како „премногу големи за да им биде грижа“ се доближува до крајот. Голема пресвртница за граѓаните на ЕУ, напиша Бретон, кој претходно го опиша интернетот како „див запад“.

– Денешниот договор за ДСА е историски, напиша на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Нашите нови правила ќе ги заштитат онлајн корисниците, ќе обезбедат слобода на изразување и можности за компаниите. Она што е нелегално офлајн, ќе биде нелегално и онлајн во ЕУ, додаде таа.

Регулативата го следи Законот за дигитални пазари (ДМА), кој ги таргетира антиконкурентските практики меѓу технолошките гиганти како Гугл и Фејсбук, а беше склучен кон крајот на март.

Технолошките гиганти беа повикани неколку пати поради неуспехот да вршат надзор врз нивните платформи.

Терористичкиот напад во Нов Зеланд, кој беше пренесуван во живо на Фејсбук во 2019 година, предизвика глобален гнев, а хаотичниот бунт во САД минатата година беше промовиран на Интернет.

Темната страна на интернетот вклучува и платформи за е-трговија полни со фалсификувани или неисправни производи.

Од платформите ќе се бара брзо да ја отстранат нелегалната содржина штом ќе станат свесни за нејзиното постоење. Социјалните мрежи ќе треба да ги суспендираат корисниците кои често го прекршуваат законот.

ДСА ќе ги принуди веб-страниците за е-трговија да го потврдат идентитетот на продавачите пред да ги предложат нивните производи.

Иако многу од одредбите на ДСА важат за сите компании, ДСА има воспоставено посебни обврски за „многу големи платформи“, дефинирани како оние со повеќе од 45 милиони активни корисници во Европската унија.

Списокот на компании сè уште не е објавен, но ќе ги вклучи гигантите како Гугл, Епл, Фејсбук, Амазон и Мајкрософт, Твитер, а можеби и ТикТок, Заландо и Букинг (Booking.com).

Од овие компании ќе се бара да ги проценат ризиците поврзани со користењето на нивните услуги и да ја отстранат нелегалната содржина. Тие ќе мора да бидат и потранспарентни за своите податоци и алгоритми.

Европската комисија ќе ги надгледува годишните ревизии и ќе може да им препишува казни до шест отсто од нивниот годишен приход за повторени прекршувања.

Се очекува да бидат забранети практиките на користење податоци за религија или политичко мислење за насочено рекламирање.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ