• Latest

ЕУ преспективата во „канџите“ на легалната победа

October 21, 2024
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ преспективата во „канџите“ на легалната победа

October 21, 2024 15:18
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Има јаз меѓу легалната победа, и целосната легитимност на начинот на управувањето“.

Ова е заклучокот од изјавите за „Фронтлајн“ на познавачите на политичките збиднувања во земјава, зборувајќи за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, како и за можноста за злоупотреба на легитимитетот стекнат во последниот парламентарен избори.

– Легитимитетот е многу специфична категорија – која се однесува на оправданостa на определен начин на владеење. Од таа перспектива, како се управува/владее, е една работа, додека легалниот квантум на гласови од друга страна се друга работа. Во таа смисла, сметам дека има јаз меѓу легалната победа, и целосната легитимност на начинот на управувањето. Ова особено од аспект на тоа што сè беше ветувано, а што реално се случува, вели Ана Чупеска – универзитетска професорка за „Фронтлајн“.

Прво, додава таа, многу сум загрижена за европскиот пат на земјата, т.е. заглавеноста и не решавањето на ова клучно прашање за нашата иднина.

– Никој нема легитимитет и не може да има ексклузивно право да го попречува нашиот евроинтеграциски развој. Кога ќе се соопшти решението? До кога ќе чекаме? Второ, јавниот долг расте. Светска Банка минатата недела укажа дека побајаги сме загалавени … погледнете го нивниот наод. Трето, како да постои паралелизам во управувањето, меѓу ВРЕДИ и ВМРО. Постојано се демантираат со изјавите, и со постапувањето. Четврто, скандали има и со именувања на високи раководни функции, секојдневно, како последниот вразан за АНБ. Следствено, одговорноста за која се тврдеше дека ја има во изобилие кај Властите, изгледа заборавена е по пат…, анализира професорката.

Политичкиот аналитичар, Дритон Зенку истакна дека изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ беше изненадувачки дури и за самата партија.

Според него, големите изборни ветувања беа меѓу главните причини за победата.

– Кога партиите преминуваат од опозиција на власт, поминуваат извесно време со духот на изборните ветувања, за потоа да преминат на реалноста. Нереализираните ветувања се камуфлираат додека електоратот не се увери дека некои ветувања не можат да се остварат, како што беше прашањето за новото име на државата. За да се одржи кредибилитетот, неспроведливите ветувања се поместуваат на други приоритети. Онаму каде што се дава простор, се префрла вниманието, дури и привремено. 250-те милиони евра на Унгарија останаа во сенка на новите фондови на Европската унија за земјите од Западен Балкан. Речиси секоја земја се очекува да има корист од 1 милијарда евра. Тука пристапот се менува и се очекува да се одрази од владата на Скопје. Африм Гаши изјави дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува никаква пречка за официјално Скопје, изјави Зенку за „Фронтлајн“.

За балансерот и многу други работи, анализира тој, ќе се најде решение, но тоа зависи од најповолните околности што ќе ги избере владата, со цел да се минимизира влијанието врз електоратот.

– Тие се цик-цаковите на власта, за да имаат корист во време и простор, подвлече тој.

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА), во изјава за „Фронтлајн“, потенцира дека ВМРО ДПМНЕ на изборите доби поддршка и легитимитет од граѓаните, меѓу другото и со ветувањата дека нема да спроведе уставни измени „под бугарски диктат“.

– Од друга страна, клучна стратегиска цел на оваа влада е да бидеме полноправна членка на ЕУ, така пишува во нејзината програма. Нека кажат од владата, како планира да ја оствари оваа стратешка цел, без да ги усвојат уставните измени, што е неисполнета домашна задача што ни постави ЕУ уште од 2022 година?, прашува Сарачини.

Одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија на патот кон интеграција во Европската Унија е веста што ги заокружува првите 3 месеци од владата на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.

Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова.

Нема сигнали дека истите можат да се направат. ЕУ одлучи да отвори преговарачки кластери само со Албанија, додека за условите дадени на Северна Македонија, Мицкоски рече НЕ, благодарам, продолжувајќи да не го прифаќа договорот со Бугарија, а излегоа и со идеја за „француски предлог плус“. Од друга страна, непочитувањето на уставното име Северна Македонија, неколку пати го изнервира јужниот сосед Грција.

Откако беше формирана оваа Влада, Европскиот фронт го оспори легитимитетот на ВРЕДИ, бидејќи тие влегоа во Владата иако имаа помалку пратеници од нив. Но, алибито на ВРЕДИ за ова беше дека тие се единствената албанска опција.

Дестан Јонузи/Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ