• Latest

ЕУ со поддршка на дигиталната трансформација на земјите од Западен Балкан

April 18, 2021

Парада на победата во Москва, 9 мај 2025 година

May 10, 2025

Мастрафот си ти

May 10, 2025

Трамп соопшти дека Индија и Пакистан постигнале договор за целосен прекин на огнот

May 10, 2025
Министерот Тимчо Муцунски во Лвив, Украина, на Денот на Европа, 9 мај 2025 (фото извор: Профилот Х на Муцунски)

Министерот Муцунски беше дел од министерскиот состанок на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
A sculpture installation at the Lawn on D | Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

Револуцијата на градот во кој може да се живее

May 10, 2025
Фото: Zaporizhzhia RMA

Северна Македонија се приклучи на повикот на ЕУ за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

May 10, 2025

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025
Потписот на Доналд Трамп (Wikimedia Commons)

Трамп преку проглас ќе промовира порака за „самодепортација“ на мигрантите

May 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан и Индија се движат кон тотална војна по новиот бран напади

May 10, 2025

Борел: Три пати повеќе експлозивна моќ е фрлена врз Газа отколку што беше употребена во бомбата во Хирошима, а ние снабдуваме половина од тие бомби!

May 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЕУ со поддршка на дигиталната трансформација на земјите од Западен Балкан

April 18, 2021 11:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од четирите приоритети на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан (ЕИП) ќе биде поддршка на дигиталната трансформација на Западен Балкан и зајакнување на неговиот потенцијал како двигател на економскиот раст и просперитет во регионот преку подобрување на пристапот до дигитални добра и услуги, стои во официјалниот одговор од Европската Комисија (DG Connect) на дописот од Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи во рамки на јавната консултација во однос на „ЕУ дигитална декада – дигитални цели за 2030“.

Клучни компоненти на оваа поддршка, според Комисијата, ќе бидат дигитална инфраструктура и поврзување, дигитални вештини и компетентност, дигитална економија во ера на нови ИКТ технологии, доверба и безбедност, како и економска интеграција.

-Како што беше претходно наведено во соопштението на Европската Комисија „Зајакнување на процесот на пристапување – Кредибилна перспектива на ЕУ за Западен Балкан“ од февруари 2020 година, основната цел на ангажманот на ЕУ за Западен Балкан е да ги подготви земјите за исполнување на барањата за членство. Ова вклучува поддршка на основните демократски реформи, владеење на правото и економските реформи и нивно усогласување со основните европски вредности. Тоа за возврат ќе поттикне солиден, одржлив и забрзан економски раст и социјална конвергенција. И во тој контекст, дигитализацијата и развојот на дигитални вештини (како што посочува и Вашата организација) во сите слоеви на општеството се клучни за зајакнување на можностите за вработување и за активно учество во дигиталната економија во согласност со неодамна усвоеното Дигитално образование, се вели во одговорот на Европската Комисија, соопшти денеска ИДУЕП.

Оттаму, како што истакна ИДУЕП, наведуваат и дека Акцискиот план 2021-2027 ги поддржува системите за образование и обука за решавање на предизвиците на кризата со Ковид-19 како и на долгорочната дигитална трансформација.

Минатиот октомври, ЕК го објави Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан (ЕИП) кој има за цел искористување на ИПА III фондовите преку гарантираниот инструмент за Западен Балкан. ЕИП се стреми да поддржи долгорочно економско закрепнување на регионот врз основа на зелена и дигитална транзиција, што ќе доведе до одржлив економски раст, спроведување на реформите за да се придвижи напред кон ЕУ и доближување на регионот до единствениот пазар на ЕУ.

-Последната клучна компонента за економската интеграција е всушност дигиталниот елемент на Акциониот план за Заеднички регионален пазар за Западен Балкан 2021-2024 година. Овој Акциски план ќе биде камен-темелник за интегрирање на регионот во единствениот пазар на ЕУ пред земјите да пристапат во Унијата. Тој е структуриран околу четирите слободи, истовремено опфаќајќи аспекти на дигиталната, инвестициската, иновациската и индустриската политика. Ова е клучно за регионот да ги искористи своите стратешки односи со ЕУ, стои во одговорот на Комисијата до Институтот.

Иницијативата за дигитална трансформација на ЕК насловена „ЕУ дигитална декада – дигитални цели за 2030“ (https://ec.europa.eu/info/law/better-regulation/have-your-say/initiatives/12900-Europe-s-digital-decade-2030-digital-targets) вклучува: јасна заедничка амбиција и дигитални принципи кои се во служба на луѓето, рамка со цел зголемување на европските стратешки капацитети, структура на управување помеѓу ЕУ и земјите-членки, како и активности за вклучување во јавноста во целокупниот процес.

ИДУЕП се вклучи во консултативниот процес, а јавните консултации за оваа иницијатива вклучија и други 86 мислења од различни заинтересирани страни, вклучително и ставот на најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук.

Во рамките на јавната дебата, Институтот ја поздрави заложбата на Европската комисија да ја засили поддршката на процесот на стекнување на зајакнати дигитални вештини и компетенции, дигитализација на сите деловни активности, како и дигиталната трансформација на јавните администрации и јавните институции.

Овие амбициозни проекти, велат од Институтот, мора да бидат придружени со специфични инструменти за практична имплементација за да се постигнат резултати не само на ниво на ЕУ и земјите-членки, туку во целост да предвидат вклучување на земјите-кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан.

-„Да не оставиме никој зад себе“ треба да биде мотото на овој многу амбициозен и навремен ЕУ проект, беше заклучено од страна на ИДУЕП за време на консултативниот процес.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ