• Latest
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025

Гладните ќе влезат ли во „електронскиот“ попис?

July 1, 2025
Фото: ВИ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

July 1, 2025
Марта Кос (Фотографија: Скриншот од видео МИА)

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025

Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот: Проектираниот раст на даночните приходи амбициозен

July 1, 2025

Четириесетти неуспех за конституирање на косовското собрание

July 1, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Трамп ќе ги крати субвенциите за компаниите на Маск за да заштеди пари

July 1, 2025
Фотографија: Wikipedia

Источна Европа со мински полиња во одбрана од Русија

July 1, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Оливер Андонов за ЦИВИЛ: НАТО неминовно мора да ја засили поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија

July 1, 2025

Данска го презема претседателството со ЕУ со фокус на вооружувањето, конкуретноста, миграциите и климатските промени

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025 13:58
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија денеска изрази поддршка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), по вчерашната одлука на САД за воведување санкции кон четворица негови судии.

Претседателката на Европската комисија порача дека ЕК целосно ги поддржува Меѓународниот кривичен суд и неговите службеници.

– МКС ги повикува на одговорност сторителите на најтешките злосторства во светот и овозможува да се чуе гласот на жртвите. Тој мора да биде слободен да дејствува без притисок. Ние секогаш ќе се залагаме за глобална правда и почитување на меѓународното право, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, исто така во објава на Икс, му изрази поддршка на работата и независноста на Судот.

– Меѓународниот кривичен суд ја поддржува правдата за најтешките злосторства. Тој кора да остане ослободен од притисок и верен на своите принципи. Ние секогаш ќе ја поддржуваме неговата витална работа и ќе ја штитиме неговата независност, наведе Калас.

Портпаролката на Еврокомисијата за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер истакна дека ЕУ има јасен став дека Судот е камен темелник на меѓународната правда и борбата против неказнивоста.

– Длабоко жалиме поради одлуката за воведување санкции и ќе обезбедиме целосна поддршка и придонес за да се гарантира заштитата на Судот, рече Хипер.

Таа додаде дека ЕК ќе продолжи да го поддржуваме МКС и принципите утврден во Римскиот статут за неговото основање.

– Остануваме посветени да работиме заедно со сите држави потписнички и другите партнери од целиот свет за да го поддржиме Судот и да ја зачуваме и почитуваме независноста на судиите и интегритетот на Римскиот статут, додаде Хипер.

Американската администрација воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд, како одговор на истрагите за можни воени злосторства извршени од страна на припадници на вооружените сили на САД во Авганистан и поради налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека санкциите се однесуваат на судиите Соломи Балунги Боса од Уганда, Лус дел Кармен Ибанес Каранса од Перу, Рејне Аделаида Софи Алапини Гансу од Бенин и Бети Холер од Словенија.

– Овие четири лица, како судии на МКС, активно учествуваа во нелегални и неосновани постапки против САД и нашиот сојузник Израел. МКС е политизиран и лажно тврди дека има неограничена надлежност да истражува, обвинува и гони граѓани на САД и на сојузничките земји, рече Рубио.

Меѓународниот кривичен суд возврати дека санкциите претставуваат обид за поткопување на неговата независност.

– МКС целосно стои зад својот персонал и ќе продолжи со својата работа, се наведува во реакцијата на Судот.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ