• Latest

EUvsDISINFO: Кремљ орвеловски го толкува Орвел

July 22, 2020
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

EUvsDISINFO: Кремљ орвеловски го толкува Орвел

July 22, 2020 07:48
in ВЕСТИ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот.

Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на ЕУ euvsdisinfo.eu расчленува статија објавена на веб сајтот на рускиот „Фонд за стратешка култура“, во која познатиот роман на Џорџ Орвел „1984“ се става во контекст на критиките кон Русија, односно грозоморните мерки прикажани во романот се припишуваат на противниците на Русија.

Ваквиот настап не е новост за медиумите блиски до Кремљ, пишува euvsdisinfo.eu, туку се јавува често во медиумите блиски до руската власт, при што самите такви текстови се претставуваа како отпор против „Полицијата на мислите“, „Големиот брат“ и другите поими од „1984“.

„Авторот на најновиот текст со таква содржини навестува дека се применуваат злобни техники за контрола на умот, при што се присилуваат сите (освен авторката и оние што го читаат нејзиниот текст, коишто, фала богу, се имуни на тие техники) слепо да ги прифаќаат лагите и измамите за Русија. Ова е многу орвеловско користење на романот на Орвел. Главниот концепт во „1984′ е „Новоговорот“ (Newspeak). Јазикот создаден од IngSoc (Англиската Социјалистичка) партија за да се елиминира способноста на луѓето да изразуваат спротивставуање“, пишува euvsdisinfo.eu, посочувајќи дека токму описот на мисијата на „Фондот за стратешка култура“ е пример за новоговор.

„Фондот за стратешка култура овозможува платформа за ексклузивни анализи, истражувања и политички коментари за евроазиски и глобални теми. Се осврнуваме на политичките, економските, социјални и безбедносните прашања низ целиот свет. Од 2005 година, нашиот журнал има објавено илјадници аналитички извештаи и коментари со уникатната перспектива на независни соработници. ФСК работи на проширување и диверзифицирање на експертските дискусии фокусирајќи се на скриените аспекти на меѓународната политики и неконвенционалното размислување. Користејќи ја експандирачката сила на интернетот, работиме на распространување потврдени информации, критичко размислување и прогресивни идеи“, гласи описот на мисијата на ФСК.

Раскринкувачката анализа на euvsdisinfo.eu, потсетува на дефиницијата на Орвел за новоговорот „Зборовите значат речиси токму спротивното од она што се чини дека значат“, и посочува дека Фонд за стратешка култура е веб-сајт од Русија, кој од руското Министерство за надворешни работи е опишан како „партнер“ и кој е лојален на Кремљ. Фондот ги поддржува наративите на руската власт за уривањето на малезискиот авион над Украина, за случајот со труењето на Сркипаљови, за рускиот империјализам во Сирија и Украина и за претседателот на Русија, Владимир Путин.

Пораките на Фондот се сведуваат на неколку клучни точки: Оспорувањето на тврдењата на Кремљ е погрешно, фалењето на руските (и кинеските) империјалистички амбиции е добро, демократијата не функционира. Потоа се синтетизирани неколку нови слогани од про-кремљовскиот новоговор: „Дезинформацијата е вистина. Империјализамот е слобода. Диктатурата е прогресивна“.

„Накусо, Фондот за стратешка култура орвеловски го користи Орвел“, пишува euvsdisinfo.eu.

Овој сервис за борба против дезинформациите потсетува дека Орвел бил критичар на британскиот, американскиот и рускиот империјализам. За разлика од Фондот за стратешка култура, тој бил против сите манифестации на империјализмот.

„Човек може да си помисли дека авторите на повеќе од двестоте статии во кои се споменува „Орвел“ вистински прочитале нешто од Џорџ Орвел. Во кремљовскиот екосистем, зборот „орвеловски“ нема никаква допирна точка со романот на Џорџ Орвел, кој бил дозволен во Русија дури во 1988 година. Со зборовите на Кремљ,  критикувањето на руската политика е „орвеловско“. Или, со зборовите на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова: ,Ова е чиста дезинформација, како во Орвеловата ,1982′ (Sic!)’. И во романот на Орвел, протагонистот Винстон Смит исто така не знае за која година станува збор“, завршува euvsdisinfo.eu.

META.MK

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ