• Latest

Еврокомесарот Бретон поднесе оставка поради несогласувања со Фон дер Лајен

September 16, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Еврокомесарот Бретон поднесе оставка поради несогласувања со Фон дер Лајен

September 16, 2024 12:03
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот комесар за внатрешен пазар и француски кандидат за член на идната Европска комисија, Тиери Бретон денеска поднесе оставка на функцијата и ја повлече својата номинација за еврокомесар.

Во писмото на својата оставка упатено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што го објави на Икс, Бретон ја обвинува дека „го саботира“ и дека „создава неред“ за време на транзицијата кон новите институции на ЕУ.

Бретон во објавата тврди дека Фон дер Лајен и понудила на Франција „повлијателен ресор“ во новата Еврокомисија, доколку Париз предложи друг кандидат место него.

– Пред неколку дена, во последниот дел од преговорите за составот на идниот Колеџ, побаравте од Франција да ја повлече мојата кандидатура – поради ваши лични причини за што воопшто не разговаравте директно со мене, наведува Бретон во писмото до Фон дер Лајен.

Тој натаму потенцира дека во изминатите пет години како еврокомесар неуморно се стремел да го поддржува и унапредува „заедничкото европско добро над националните и партиските интереси“.

– Сепак, во светлината на овие најнови случувања – дополнително сведоштво за сомнителното раководење – морам да заклучам дека повеќе не можам да ги извршувам своите должности во Колеџот (на комесари). Затоа поднесувам оставка од функцијата еврокомесар, која ќе стапи во сила веднаш, истакна Бретон.

Изминативе денови доаѓаа информации за тензии меѓу Фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон околу потенцијалниот ресор што би го добил францускиот еврокомесар во новата Европска комисија.

Анонимен висок претставник на партијата на Макрон, Ренесанса (РЕ), во изјава за француските медиуми нагласи дека „Франција не е задоволна со надлежностите на ресорот“ што Фон дер Лајен му го доделила на Бретон.

Јавна тајна во Брисел е дека во односите меѓу Фон дер Лајен и Бретон „не цветаат рози“, за што сведочеа и неколкуте судири меѓу нив, од кои некои и јавни, во изминативе години. Бретон дури жестоко ја нападна Фон дер Лајен откако Европската народна партија (ЕПП) пролетва реши да ја номинира за втор мандат на функцијата, а меѓу нив постоеја и несогласувања за некои кадровски решенија и политики.

По повлекувањето на Бретон, Франција ќе треба да предложи нов кандидат за еврокомесар, што се очекува дополнително да ја одолговлече постапката за избор на идната Европска комисија.

За утре е предвидено Фон дер Лајен да ги презентира предлог-составот на новата ЕК и распределбата на ресорите меѓу еврокомесарите пред членовите на парламентарната Конференција на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи. Но, повлекувањето на Бретон, како и се уште не завршената процедура за номинација на словенечката кандидатка за еврокомесарка Марта Кос, го доведува во прашање одржувањето на средбата.

Пред отпочнување на постапката за избор на новата Европска комисија, Фон дер Лајен побара од земјите членки на ЕУ да номинираат по еден мажи и една жена за кандидати за еврокомесари за да има можност да обезбеди родова рамноправност во идниот Колеџ на комесари. Ова барање не важеше за земјите кои ги номинираа актуелните еврокомесари.

Но, освен Бугарија која позитивно одговори на барањето на Фон дер Лајен, останатите земји членки предложија по еден кандидат од кои мнозинството мажи. Во такви услови, се појавија информации дека Фон дер Лајен побарала од „некои земји членки“ да ги заменат своите предложени кандидати мажи со жени, по што кандидатите на Романија и Словенија се повлекоа и наместо нив беа номинирани жени.

Европската комисија одби да ги коментира информациите дека Фон дер Лајен „вршела притисок“ врз некои земји за смена на кандидатите за еврокомесари повикувајќи се на принципот на доверливост на интерната коресподенција, пренесе МИА.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја прими и ја прифати оставка на европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон,

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ