• Latest

Европската комисија: Македонската економија е на вистински пат

May 25, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Европската комисија: Македонската економија е на вистински пат

May 25, 2018 11:36
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според Извештајот на Европската комсиија Македонија бележи најголем напредок во исполнувањето насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи во споредба со земјите од регионот.

Како што соопштија од Министерството за финансии, во овогодишниот извештај е нотирано дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година што јасно укажува на напредок во имплементацијата на препораките. Овие податоци можат да се видат на графиконот за напредокот на земјите во исполнување на насоките од програмата.

ТабелаНапредокот бил истакнат на денешниот дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција на кој присуствувале министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска- Бежоска.

Ваквиот дијалог, како што истакнал Тевдовски, нè подготвува за идно учество во координацијата на економската политика на ЕУ.

Teвдовски - БежоскаЗа да напредува економијата, потребни се повеќе реформи, меѓу кои и водење здрава фискална политика. Досега се преземени голем број активности и мерки. Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 е усвоена во декември 2017 година. Со реализацијата се зајакнува системот на јавни финансии, се унапредува транспарентноста, одговорноста, фискалната дисциплина и ефикасноста во управувањето со јавните ресурси, посочуваат од Министерството за финасии.

Новиот Закон за буџети, додаваат, се очекува да биде усвоен до крајот на годинава и ќе ги опфати сите реформи во насока на зајакнување на фискалната рамка.

Министерот Тевдовски ја потврдил проекцијата на Владата за економски раст од 3,2 отсто. Тоа е во согласност со ревидираната проекција на Европската комисија и Народната банка.

– За прв пат по 10 години Владата и Министерството за финансии навремено ја усвоија Фискалната стратегија. Стратегијата ги вклучува и препораките на ММФ и Европската унија, посочил Тевдовски.

Tags: вистински патДраган ТевдовскиЕвропската комисијамакедонската економијаММФ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ