СДСМ соопшти дека проектот „Младинска картичка” започна со реализација, а веќе се доставени првите стотина картички до млади на возраст од 15 до 29 години.
„На територијата на цела држава над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, кино сали, центри за едукација и развој, спортски центри нудат попусти за нивните услуги. Проектот „Младинска картичка” обезбедува поволности и придобивки во секојдневниот живот на младите“, се вели во соопштението на СДСМ.
Се очекува проектот позитивно да влијае на личниот развој, едукацијата и социјалниот живот на младите.