• Latest

Европскиот парламент ја повика Бугарија целосно и безусловно да ги почитува вредностите на ЕУ

October 9, 2020
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Европскиот парламент ја повика Бугарија целосно и безусловно да ги почитува вредностите на ЕУ

October 9, 2020 10:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во резолуцијата усвоена со 358 гласа за, 277 против и 56 воздржани, европратениците ја изразуваат својата „недвосмислена поддршка за бугарскиот народ во нивните барања и легитимни аспирации за правда, транспарентност, одговорност и демократија“.

-Владеењето на правото значи поделба на власта, но обвинувањата за судска корупција и политички мотивирани гонења се зголемуваат. Владеењето на правото значи слобода на медиумите, но гледаме дека владата врши се поголемо влијание врз јавните медиуми и прибегнува кон клиентализам кога станува збор за приватни медиуми. Владеењето на правото значи да се залагаме за граѓанските права, но ние сме сведоци на полициско насилство и сузбивање на малцинските права, рече известувачот и предлагачот на резолуцијата Хуан Фернандо Лопез Агилар (социјалисти и демократи, Шпанија) рече:

-Усвоената резолуција  се фокусира на постојаните системски проблеми во правдата, вклучувајќи го и недостатокот на механизми за отчетност на Високиот судски совет и на Главниот обвинител и неуспехот да се почитуваат повеќе од 79 пресуди на Европскиот суд на правдата.

Во резолуцијата се повикуваат бугарските власти на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што  се наведени меѓу другото и пресудите кои се однесуваат на неможноста на македонското непризнато малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија : пресудата од 19 јануари 2006 година, Обединета македонска организација Илинден и други (апликација бр. 59491/00); пресуда од 18 октомври 2011 година, Обединетата македонска организација Илинден и други (бр. 2) (апликација бр. 34960/04); пресуда од 11 јануари 2018 година, Обединета македонска организација Илинден и други (бр. 3) (апликација бр. 29496/16); пресуда од 11 јануари 2018 година, Јордан Иванов и други (апликација бр. 70502/13).

Притоа се бара од бугарските власти  да ги осудат сите акти на насилство и говорот на омраза против малцинствата.

Резолуцијата се однесува на значителното влошување на почитувањето на принципите во врска со владеењето на правото, демократијата и основните права, особено независноста на судството, поделбата на власта, борбата против корупцијата и слободата на медиуми . Исто така, како и на постојаните системски прашања во правдата, вклучувајќи го и недостатокот на механизми за отчетност на Високиот судски совет и на Јавниот обвинител.

Другите проблеми околу кои постои загриженост меѓу европратениците за Бугарија се однесуваат на: уставните реформи, кои треба да бидат во согласност со меѓународните стандарди; можните измени во изборниот закон, неколку месеци пред следните законодавни избори; усвојување на законодавство преку забрзани процедури; недостаток на резултати од истраги за корупција на високо ниво; состојбата на основните права во Бугарија, особено во врска со говорот на омраза, сексот и половата дискриминација, како и правата на Ромите и барателите на азил.

Европратениците ги осудуваат кампањите на клевета и насилните инциденти против новинарите. Тие се многу загрижени за влошувањето на слободата на медиумите, транспарентноста и недостатокот на разновидност во сопственоста на медиумите, како и повластената распределба на средствата на ЕУ за провладините медиуми. Европратениците ја повторија потребата од построга контрола врз начинот на трошење на средствата на ЕУ и повикуваат на итни одговори на загриженоста дека парите на даночните обврзници се користат за збогатување на оние поврзани со владејачката партија.

-Парламентот испраќа силен сигнал дека не можеме да замижуваме кон земјите на ЕУ кои имаат проблем со владеењето на правото и основните права. Народот на Бугарија заслужува да живее во европска земја ослободена од корупција и каде што нивните права се загарантирани со владеењето на правото , рече европратеничката од Зелените, Ска Келер.

Гласањето на Европскиот парламент е необврзувачко, но има за цел да изврши притисок врз бугарската влада по повеќемесечните антивладини протести, во време кога институциите на ЕУ го мерат механизмот за поврзување на исплатата на средствата на ЕУ со критериумите за владеење на правото. Опозициските политичари и демонстранти го обвинуваат Борисов дека дозволил олигархиска мафија да изврши влијание преку клучните институции како што се судството, медиумите и безбедносните служби.

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ