• Latest

Фалсификатите во Македонија доаѓаат од Кина и Турција

August 18, 2018

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Фалсификатите во Македонија доаѓаат од Кина и Турција

August 18, 2018 09:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Фалсификуваната стока што стигнува во Македонија е од Кина и Турција, а најмногу подложни на фалсификување се бонбоните, пенкалата, текстилот, обувките, козметиката и модните додатоци.

Податоците на Царинската управа на Република Македонија покажуваат дека 48 проценти од привремено задржаната стока по основ на повреда на правото од интелектуална сопственост е од Кина, додека 46 проценти е од Турција.

–  Од јануари до јули годинава во 35 акции се задржани над 37 милиони парчиња стока поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Во вкупната количина доминира учеството на  бонбони 41 проценти, 40 проценти се пенкала, седум проценти текстилни производи, над четири проценти обувки, над три проценти козметички производи и околу четири проценти модни додатоци, информираат за МИА од Царинската управа.

фалсификати

Согласно Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост доколку царинските службеници имаат сомнение дека предметната стока може да е фалсификат ја задржува и го информира носителот на правото преку неговиот првен застапник за утврдување на оригиналноста на стоката. Доколку носителот на правото потврди дека стоката е фалсификат царината започнува постапка за уништување  на стоката, но доколку од носителот на правото добие известување дека стоката е оригинал по завршување на царинските формалност се пушта во слободен промет.

Фалсификуваната стока, согласно закон, може царината наместо да ја уништи и бесплатно да ја отстапи. Се отстапува облека и обувки за семејства од социјален ризик, како и за санирање последици од елементарни непогоди. За да се отстапи фалсификуваната стока треба согласност од носителот на трговската марка, а треба да се обезбедат и уверенија од надлежните органи дека стоката е безбедна за користење. Пред да се предаде стоката се отстрануваат и обележјата на трговската марка.

царинска управа

– Eден од главните приоритети на Царинската управа на Република Македонија е унапредување на институционалниот и административен капацитет за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите и пиратеријата, преку воведување зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување увоз, транзит и извоз на стоки што го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и зголемена соработка со носителите на ова право и нивните застапници во Република Македонија од една страна со сите надлежни институции  во земјата и странство од друга страна, велат од Царинската управа.

Со цел подигнување на свеста на граѓаните за можните штетни последици од употребата на фалсификати во април оваа година Царината почна и јавна кампања под слоганот  „Стоп за фалсификуваните производи“.

– На 5 април 2018 година, започнавме со активностите што беа реализирани во просториите на трговскиот центар Сити мол каде беше поставен штанд со изложени примероци од запленети фалсификувани  производи. На граѓаните им се делеа и флаери и царинските службеници во разговор со нив разменија информации за сè што презема Царинската управа во борбата против фалсификатите, како и информации за штетните последици од фалсификуваните производи и начините за лесно препознавање на  фалсификуваните производи, истакнуваат од Царината и додаваат дека Царинската управа останува фокусирана на заштита на корисниците од купувањето на фалсификуваните производи бидејќи тие претставуваат огромен ризик за здравјето на луѓето, додека светската економија бележи огромни загуби поради дејствија поврзани со производството и пуштањето во оптек на фалсификувани производи.

 Сузи Котева Стоименова за МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ