ДРАГАН МИШЕВ
Трамп на 20 јуни постави двонеделна временска рамка за разговор со Иран пред да одлучи за напад. Рокот од 2 недели што му го постави на Пути на 28 мај, за да се изјасни дали сака да ја заврши војната во Украина, или Вашингтон ќе „реагира малку поинаку, одавна помина.
Доналд Трамп на 20 јуни одлучи да отвори двонеделен преговарачки прозорец пред да одлучи за напад врз Иран започнува итен напор за повторно започнување на разговорите кои беа во ќорсокак кога Израел ја започна својата кампања за бомбардирање минатата недела.
Интересно, овој пат Трамп дава временски рок во моментите додека се колеба дали да да ги вклучи САД во израелско-иранскиотт конфликт, поради главно 2 причини: негодувањето со кое се соочува во МАГА базата поради можниот напад врз Иран, како и поради сомневањето во успешноста на бомбата „разбивач на бункери“која треба да се употреби во евентуалниот американски напад врз иранскиот нуклеарен објект закопан длабоко под земја во Фордоу.
Колку навистина овој пат ќе траат „фамозните“ и често повторувани 2 недели, кои како рок ги дава Трамп за решавање на некои горливи прашања, ќе бидеме сведоци во наредниот период.
Особено, ако се има предвид дека американскиот претседател Доналд Трамп на 28 мај изјави дека САД најдоцна за две недели ќе знаат дали рускиот претседател Владимир Путин е сериозен во врска со прекинувањето на војната во Украина, предупредувајќи дека ако Москва одложува, Вашингтон ќе „реагира малку поинаку“.
„Ќе дознаеме многу наскоро. Ќе бидат потребни околу две недели, или недела и пол“, им рече Трамп на новинарите за време на брифингот, одговарајќи на прашање дали Путин сака да ја заврши војната.
Тие 2 недели одавна поминаа, а нема никаква промена во односот на Вашинтон кон Путин и неговата војна во Украина. Дали ќе има ефект последнава временска рамка што ја постави Трамп, како што вели самиот тој, ќе дознаеме многу наскоро, додека останува на специјализираните установи да оценат чуму оваа опседнатост на Трамп со „фамозните “ 2 недели кои толку често милува да ги употребува.