• Latest

Фатмир Битиќи: Социјалдемократски компас за благосостојбата на граѓаните

May 28, 2023

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025

Изгаснат пожарот во Трубарево

September 15, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

September 15, 2025

Уништени над 100 парчиња оружје, 4 тони марихуана и над 21 килограми амфетамини, кокаин и хероин

September 15, 2025

Војната против Украина: Женски перспективи – јавна дискусија поврзана со книгата „Градот каде започна војната“

September 15, 2025

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Фатмир Битиќи: Социјалдемократски компас за благосостојбата на граѓаните

May 28, 2023 13:52
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ФАТМИР БИТИЌИ

Социјалдемократија како политичка идеологија за уредување на односите во едно општество, во себе содржи позитивно вредносно јадро врз основа на кое може да се даде одговор на и економските предизвици. Социјалната правда и еднаквоста, солидарноста и социјалната благосостојба, демократијата, и инклузивноста, одржливиот развој и управувањето со животната средина, како и заштитата на трудот на работниците, ги прифативме како основни идеали и аспирации во рамки на креирањето на економските политики и решавањето на проблемите. Ова е поттикнувачки вредносен корпус кој е насочен да им помогне на граѓаните да достигнат пристојни животни услови, да стекнат вистински можности за личен развој, да ги заштитиме од несаканите влијание на деградирањето на животната средина, воедно да развиеме нови можности за општествено корисни работни места.
Она што го правиме како одговорна политичка партија, со изградена политичка свест за донесување на системски одлуки и решенија за проблемите, е дека овој социјалдемократски политички компас системски го интегрираме во економските политики за да ја унапредиме благосостојбата на граѓаните.
Намалување на нееднаквостите и отстранување на бариерите кои ја попречуваат социјалната мобилност и создаваат диспаритети во приходите и пристапот до основните услуги, во суштина подразбира создавање на еднакви можности на сите наши граѓани, за нивна мобилност, пристап до добро платени работни места и професионален развој. Многу малку се зборува за основната идеја за изградбата на Коридорите 8 и 10д, односно за тоа кои се придобивките кои ќе ги добијат граѓаните со нивната изградба. Намерата е да се создаде подеднаква можност за развој на граѓаните кои живеат во посиромашните региони во земјава со тие што живеат во најбогатиот. Податоците за БДП во 2021 година покажуваат огромен диспаритет помеѓу регионите преку кои поминуваат Коридорите 8 и 10д. Во вкупната вредност на БДП од околу 11,7 милијарди евра, најбогатиот Скопски регион доминантно учествува со 43,9%, следува Пелагонискиот со 10,6%, што е драматична разлика во однос на најбогатиот, Југозападниот со 8,4%, Полошкиот со 7,4%, а Североисточниот учество со 4,9%. Инвестирањето во патната инфраструктура поттикнува развој, го намалува диспаритетот и создава подеднакви можности за граѓаните. Неинвестирањето може да значи само понатамошен пад на економската активности и нееднаква негова дистрибуција, односно поголема нееднаквост помеѓу квалитетот на животот и приходите помеѓу граѓаните во државата.
За период од 4 години, изградени се или во фаза на изградба се повеќе од 860 социјални станови, околу 36 илјади домаќинства примаат гарантирана минимална помош, околу 31 илјада деца се опфатени со правото за образован додаток, над 47 илјади деца се опфатени со правото за детски додаток. Со законско решение ранливите категории ги заштитивме од енергетската криза, обезбедени се по 3.000 денари месечно за корисници на повеќе категории на социјални права. За прв пат социјалната помош не се дава како милост, наместо индивидуална ја дефинираме како групна, семејна помош, притоа ја зголемивме за 300%, притоа ги поттикнуваме активно да се вклучат на пазарот на труд. Пензионерите добија системско решение за пораст на нивните пензии, поради кое над 100 илјади ги однесовме над прагот на сиромаштијата. Сето ова е системско артикулирање на социјалдемократските вредност на солидарност и социјална благосостојба, на посветеност на развивање на социјална безбедносна мрежа која им нуди заштита на нашите сограѓани кои немаат доволно и на кои таа им е најпотребна.
Држава со развиени социјални функции се одликува и со демократско владеење, инклузивни процеси, активно учество на граѓаните и почитување на човековите права, владеењето на правото, слободата на изразување и заштитата на граѓанските слободи. Токму поради овие вредности, една година преговараме со синдикатите преку инклузивен процес да дојдеме до системско решение за зголемување на платите. Затоа што веруваме во демократијата и учеството на сите засегнати страни во креирањето на националните политики, го спроведуваме нај инклузивниот процес во креирањето на Националната развојна стратегија(НРС), преку која за наредните 20 години ја поставуваме перспективата за нашите поколенија. За првпат на иста маса седат и заеднички ги приоретизираат стратешките области претставници на сите политички партии во земјава, независно дали се од власт или од опозиција, претставници од граѓанското општество, академската средина, бизнис секторот, млади и лица со посебни потреби. Унапредувањето на социјалдемократските политики бара политички консензус и општествена поддршка, што ние преку НРС успеавме да го постигнеме.
Во нашата социјалдемократска агенда, успеавме инклузивноста системски да ја поставиме и во реализацијата на заложбите за заштита и унапредување на работничките права, обезбедувањето на правични плати и безбедните работни услови. Воспоставивме системско решение за раст на минималната плата, до кое дојдовме преку дијалог со синдикатите и работодавците. Повеќе таа не е предмет, ниту пак може да биде, на преговори, уцени или политички поени, искуство кое го оставаме позади нас, во историјат, но не и да ја дефинира иднината. На овој начин, одразувајќи ги нашите социјалдемократски идеали, дојдовме до минимална плата од 20.175 денари, а која во во 2016 година, пред почетокот на владеењето на СДСМ, изнесуваше само 10.080 денари. Системското решавање на проблемот со платите, вклучително и на вработените во јавниот сектор, ќе значи отворање на нов простор за афирмација на социјалдемократски вредности за унапредување на работничките права, а кои ќе бидат поврзани со квалитетот и условите на работното место, со прашањето на безбедноста и заштитата на здравјето на работникот. Во нашата определба нема да не обесхрабри ниту спинот дека некој спротивно на неговата волја или можности ќе работи повеќе од 40 часа неделно. Ние системски не им го ограничуваме правото на работниците, кои сакаат и можат да работата повеќе, со нивна изречна согласност, тоа да го направат и да добијат поголем надомест.
Северна Македонија беше прогласена за лидер во енергетската транзиција во регионот. Во последните 5 години имаме инсталирано 27 мегавати фотоволтаични централи во државата, што е повеќе за 11 мегавати од она што беше направено вкупно за 11 години, односно до 2017 година. Досега со изразените намери за инвестиции и отпочнат процеси на разговори имаме во најава за изградба на околу 1.500 мегавати фотонапонски централи и над 550 мегавати ветерници. Ова доволно зборува дека Владата ја интегрира грижата за животната средина во економските политики, да се поддржат обновливите извори на енергија, да се промовираат зелени технологии и да се поттикнува одговорно управување со ресурсите.

САД досега се докажале како наши големи пријатели и во време кога другите сили само се декларирале како такви. Нема потреба од пријател да направиш непријател. Особено моќен.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: БитиќиСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ