Поранешен заменик директор на ЕСМ, Фатмир Лимани, денеска поднесе кадидатурата како независен кандидат за градоначалник на Општина Кичево. За Лимани свои потписи дадоа вкупно 420 потписи што е многу повеќе од неопходните 350 потписи, потврдија од ПО на ДИК во Кичево.
Во исто време во овој град беше регистрирана и првата независна советничка листа со носителот Агим Садику, за која својот потпис го дадоа 372 граѓани,.
Сите заинтересирани граѓани кои имаат намера да поднесат кандидатура за независни кандидати на претстојните локални избори или за независна советничка листа, тоа можат да го направат во периодот од 16 до 30 овој месец, рече Младен Ванчоски, од Подрачното одделение на ДИК во Кичево..
Тој нагласи дека од 21 овој месец до 9 септември, граѓаните можат да направат увид и во Избирачкиот список. Во изминатите неколку дена повеќемина граѓани го посетиле Подрачното одделение ДИК во Кичево.