• Latest

Фејсбук ќе го третира негирањето на Холокаустот како забранет говор на омраза

October 13, 2020
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Фејсбук ќе го третира негирањето на Холокаустот како забранет говор на омраза

October 13, 2020 12:14
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук ги менува своите интерни правила со вклучување на негирањето на Холокаустот во дефиницијата на говор на омраза, откако неколку години трпеше критики дека не презема доволно силни мерки за спречување на тој облик на дезинформации.

Моника Викерт, потпретсетаделка на Фејсбук за јавни политики за содржини на 12 октомври објавила блог пост со најава дека платформата ги надградува правилата за говор на омраза со забрана за било какви „содржини со кои се негира и искривоколчува Холокаустот“.

Фејсбук ја донел одлуката врз основа на зголеменото ниво на онлајн насилство од групи што промовираат омраза и расизам, а на кои веќе реагирале со отстранување на над 22,5 милиони такви содржини од платформата во второто тримесечје на 2020 година.

Викерт го посочи и неодамна објавеното истражување за кое извести „Мета.мк“ кое покажало дека младите во САД имаат исклучително ниско знаење за историјата поврзана со Холокаустот, како и дека имаат усвоено низа неточни ставови промовирани од нео-нацистичката пропаганда.

Сметајќи дека едукацијата за Холокаустот е клучна во спречувањето на разните форми на расизам, меѓу кои и антисемитизмот, Викерт најави и дека освен забрани, Фејсбук ќе ги поттикнува своите корисници да читаат проверени информации преку додавање линкови кон кредибилни историски извори на сајтови вон Фејсбук во резултатите од пребарувањата.

„Мета.мк“ во септември извести дека групи бранители на човекови права бараат од Фејсбук да го третира негирањето на Холокаустот како говор на омраза во рамки на својата политика за забранети типови содржини. На пример, организацијата Конференција за еврејски материјални барања до Германија во јули покрена кампања во која преживеани жртви на Холокаустот објавија видео-пораки до основачот на Фејсбук, објаснувајќи зашто е важно да се направи оваа промена во интерните правила на компанијата.

Иако негирањето на Холокаустот, како форма на геноцид, е кривично дело во низа земји низ светот, меѓу кои и Германија, Франција и Русија, матичната држава во која е регистриран Фејсбук, САД, нема федерални закони против говорот на омраза.

Јавното негирање, минимизирањето, одобрувањето или оправдувањето на геноцид и воени злосторства е опфатено и со член 407-а од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Основачот на Фејсбук Марк Зукерберг, во 2018 година се обидел да појасни дека наспроти тоа што лично го смета негирањето на Холокаустот за одвратно, сметал дека компанијата не треба да воведе нови правила бидејќи за дел од тие мислења не може да се докаже зла намера, туку може да се работи и за недоразбирања. Две години потоа, со нов пост на Фејсбук ја објаснил промената на својот претходен став.

– Се соочив со внатрешна борба поради тензијата меѓу залагањето за слобода на изразување и штетата што се нанесува преку минимизирање или негирање на ужасите на Холокаустот. Моето лично мислење и нашите пошироки правила за говор на омраза еволуираа заради увидот во податоци кои покажаа зголемување на антисемитско насилство. Повлекување на вистинските линии помеѓу тоа што е и она што не е прифатлива форма на говор не е еднозначно, но со оглед на тековната ситуација во светот, верувам дека постигнавме вистинска рамнотежа – напишал Зукерберг.

Меѓународната еврејска организација од Њујорк Анти Дефамејшн Лиг – АДЛ (Anti Defamation League) во јули преку кампања наречена „Запретете ја омразата за профит“ (#StopHateForProfit), поддржана од над 1.200 фирми и непрофитни организации, повика на бојкот на огласувачите. Цел на кампањата беше да се присили Фејсбук да се погрижи за групите во кои се провлекува огромно количество содржини кои го негираат Холокаустот, или промовираат шовинизам, расизам и дезинформации, а кои бездруго би требало да бидат отстранети според интерните правила со кои се забранува антисемитистички говор на омраза.

Извршниот директор на АДЛ Џонатан А. Гринблат на 12 октомври изјавил дека чувствува олеснување што Фејсбук решил да го забрани негирањето на Холокаустот. Гринблат додал дека АДЛ од 2011 година упатува барања до Фејсбук да го класифицира негирањето на Холокаустот „систематското убиство на околу 6 милиони Евреи и неколку милиони други луѓе во текот на Втората светска војна, кое е еден од најдетално изучуваните и најдокументираните геноциди во историјата“.

Според Гринблат, Фејсбук сега треба да покаже како ќе ја исполнува оваа заложба, меѓу другото и преку објавување редовни извештаи за конкретните преземени мерки.

Потегот на Фејсбук го поздравија и академски институции кои се борат за зачувување на сеќавањето на масовните злосторства од минатото како средство да се спречи геноцид во иднината. Така, Музејот на Холокаустот на Илиноис на Твитер објави изјава дека решението на Фејсбук да ги отстранува сите форми на негирање на Холокаустот од нивната платформа го смета за „важен чекор во едукацијата на овој важен дел од историјата и залагањето на свет без антисемитизам“.

извор МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ