• Latest

Фиктор Фридман и Јоуко Сакари Линдстет добитници на Рациново признание

May 20, 2020

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Фиктор Фридман и Јоуко Сакари Линдстет добитници на Рациново признание

May 20, 2020 15:12
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Добитници на годинашното почесно Рациново признание се професор доктор Виктор Фридман од Чикаго, САД, и професор доктор Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.

– Организацискиот одбор на Рациновите средби одлучи Виктор Фридман, светски познат лингвист, македонист и славист, редовен професор по славистика  и македонстика на Универзитетот во Чикаго, да го добие ова признание, заради неговите заслуги за македонскиот јазик, македонската лингивистика и македонистика во САД и светот, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Професор  Јоуко Сакари Линдстет, професор по филологија на Унверзитетот во Хелсинки од 1986 година е учесник во проектот „Денешната лингвистичка мапа на западниот дел од регионот Виа Игнација”, раководител и главен истражувач на значајниот проект „Кониковско евангелие” и на многу други проекти.

Тој е врвен светски славист, македонист и балканист, а како што појасни Коцевски, признанието го добива во знак на благодарност за афирмација на македонскиот јазик, македонската лингвистика во Финска и во многу други европски и светски земји.

– Сигурен сум дека токму сега кога некој ни го оспорува нашиот мајчин јазик – македонскиот јазик, двајцата великани кои искрено се посветени на афирмација за македонскиот јазик, литература и култура, во јавноста силно ќе одекне веста за меѓународната поддршка на македонскиот јазик и на македонската култура. Научните истражувања на двајцата покажуваат дека македонскиот јазик и неговите дијалекти се афирмираат во светските научни центри со што македонскиот јазик се афирмира како посебен јазик и претставува предмет на исклучително научно интересирање поради својата поврзаност со балканските  јужнословенски и нејужнословенски јазици, потенцира Коцевски.

Организацискиот одбор одлучил поради состојбата со Ковид-19, Рациновите средби сепак да се одржат, но не како што првично се размислуваше во ноември, декември, туку од крајот на септември до крајот на октомври, а ќе имаат поинаква организација, а тоа ќе значи и нивно осовремување и модернизирање, појасни Коцевски.

Дел од содржините се планира да се одржат во живо до колку тоа го дозволат здравствените власти со почитување на здравствените мерки. Онлајн содржините може да се организираат во ова време и малку подоцна.

-Со тоа ќе се продолжи времетраењето на Рациновите средби и тие подолго време би биле присутни во јавноста, рече Коцевски.

Тоа би било преку електронски пат, можност да учествуваат на Рациновите средби поголем број на писатели од светот, а пренос да има во живо на Јутуб каналот и некои од телевизиите, а со поставување на видео бимови на повеќе локации во Велес.

Организацискиот одбор донесе одлука за доделување на Рациновото признание за кој конкурсот ќе биде распишан пред 13 јуни, денот на трагичното убиство на Коста Солев Рацин. По неколку години пауза ќе биде модифицирана и наградата „Антологија на болката“ за која првично преовладува мислењето на Организацискиот одбор, но конечната одлука треба да биде донесена на следната средба. Првичната нивна размисла е оваа книжевна награда да се доделува за најдобра песна на јавен конкурс кој би се објавил најмалку 30 дена пред оддржување на Рациновните средби, а право на учество ќе имаат поети од Северна Македонија и светот кои ќе учествуваат со своја песна на мајчин јазик и превод на англиски јазик, појасни Коцевски.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ