• Latest

Филипче: Не очекува критичен период, на располагање ќе бидат и капацитетите на сите приватни болници и клиники

November 19, 2020
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Не очекува критичен период, на располагање ќе бидат и капацитетите на сите приватни болници и клиники

November 19, 2020 15:39
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Периодот е навистина критичен. Очекуваме период во кој бројот на новодијагностирани со Ковид-19 ќе биде линеарен. Значи не очекува критичен период во кој ќе има потреба од болнички капацитети. Тоа се случува насекаде во регионот и има огромен пораст на новозаразени и на смртни случаи, иако има рестриктивни мерки. На располагање ќе бидат и капацитетите на сите приватни болници и клиники, како и кадарот кој таму работи. За кратко време ќе направиме проценка со се што се располага и во таа смисла заеднички со нашите државни капацитети ќе направиме и план за работа.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче по седницата на Советот за безбедност.

Одговарајќи на новинарско прашање претседателот Стево Пендаровски рече дека за сите услуги кои приватните здравствени установи ќе ги даваат ако се прогласи кризна состојба таму каде ќе се процени, за тоа ќе има обесштетување односно ќе се компензира таа приватна здравствена услуга.

– Значи не се работи за национализација, па имаме нов газда и тој како сака. Не, државата ќе се јави евентуално во улога на менаџер во овие 30 дена. Значи за секоја услуга ќе се компензира од државата, затоа што се користат приватните ресурси, да нема забуна околу тоа. Законот тоа го кажува не повеќе од 30 проценти од пазарната вредност, додаде Пендаровски.

Во врска со тоа, премиерот Зоран Заев рече дека ние немаме Закон за вонредна состојба, ние имаме Закон за кризна состојба, каде е опишано 30 отсто од што се плаќа, како се враќаат ситуациите во првобитна состојба, државата сето тоа треба да го плати и таму е детално опишано.

– Прватните болници го користат здравствениот фонд по различни основи и тој продолжува да ги испорачува сметките, да ги плаќа фактурите на приватните болници. Досега беа управувани јавните институции сега ќе бидат и приватните, додаде Заев.

Во целата зграда на интерните клиники ќе се лекуваат ковид пациенти заради тоа што тука се лекарите интернисти, специјалисти, пулмолози и другите интернисти кои имаат искуство во лекување на вакви пациенти.

Во врска на подготвеноста на клиниките за нови пациенти, министерот Филипче појасни дека два ката од зградата на Интерните клиники се речиси исполнети, а се подготвува и уште еден кат каде се наоѓаат одделенијата за оториноларингологија и за офталмологија, кои од утре треба да се стават во функција.

Филипче посочи дека целокупниот кадар е практично на стенд бај и во координација со одговорните, дел од директорите на Интерните клиники се прават распореди за дежурства и за функционирање во следнит период.

– Сосема доволен број слободни кревети може да се стават во функција во ГОБ „8 Септември“, која ја задржа и својата вообичаена работа. Иницијално предвидениот број кревети близу 80, 90, веќе се пополнети, но може во следниот период согласно овој огромен притисок кој го имаме во изминатите денови, да запре тој систем „МојТермин“ и таму да се сместат уште повеќе пациенти. Значи целосна мобилизација, секојдневна координација, спремни сме и други клиники да ангажираме, тоа се дел од хирушките за што веќе имавме состанок. Веќе се прави интерен план заедно со повеќе директори на Хирушките клиники. Тоа би бил следниот чекор. Ќе направиме целокупен план кој ќе ги вклучи сите ресурси, додаде Филипче. /МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ