„На Инфективната клиника се примени 15 пацинети, 7 од „8 Септември“, со што има вкупно хоспитализирани 95 пациенти од кои 43 се на кислородна поддршка“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче додаде дека во болницата „8 Септември“ се примени нови 20 примени пациенти, 109 има вкупно од кои 7 се на респираторни машини.
Во болницата во Битола има 29 пациенти, Штип 21, а Тетово, Охрид, Велес, Куманово вкупно имаат 74 пациенти, додаде Филипче.
Филипче истакна дека здравствените работници се оптоварени и изморени после 4 месеци борба со КОВИД-19.
„Во оваа фаза мора да се организираме за напливот на пациенти со сите распожливи ресурни во оваа држава, да го намалиме притисокот врз здраствените работници. Од вчера на помош во Инфективна и „8 Септември“ пристигнаа 54 медицински сестри и лекари, направен е план за следни ротации од сите болници и здравствени домови во земјава“, истакна Филипче.
Министерот истакна дека на Инфективната клиника од вчера се користи и дополнителниот капацитет на монтажната болница, каде се сместени тројца пациенти.
„Во Битола во овој момент има вкупно 20 слободни кревети, а со дополнителен број на кревет може да се надополни и од другите одделение, состојбата со кадарот е добра. 16 кревети во болница во Кавадарци на располагање, таму нема во овој момент сместено пациенти. Во охрид има 5 слободни места, но во договор со Битола се обезбедуваат двете болница, пред се на пацинетите кои доаѓаа од Струга и регионот“, додаде Филипче.