• Latest

Филипче: Зголемените пет отсто се само дел од планот за покачување на платите во здравството

August 23, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Зголемените пет отсто се само дел од планот за покачување на платите во здравството

August 23, 2018 16:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Може да полемизираме дали пет отсто зголемување сега се малку или многу и може да има вакви или такви аргументи, но сакам да потенцирам дека оваа мерка е само еден дел од поширокиот план на Владата за покачување на платите во здравството, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, коментирајжи ги реакциите на Синдикатот на клинички центри и на ВМРО-ДПМНЕ.

Комплексен е, рече Филипче, начинот на пресметување на платите со најновото покачување од пет проценти.  Многу е тешко да се каже ако на некој платата сега му е 30.000 денари, колку ќе му биде по зголемувањето.

Станува збор, објасни, за зголемување на основната сума што ја земаат сите вработени во јавното здравство, која потоа се множи со коефициент на сложеност на работа, минат труд,.., и така се стигнува до крајната сума. Дополнително, се пресметуваат и суми за ноќни дежурства.

Според министерот, по овој, на почетокот на следната година следува уште еден чекор – исполнување на ветувањето лекар специјалист да има плата 100.000 денари.

– Ова е пет отсто зголемување на основицата кај сите вработени во јавното здравство. Можеби звучи малку, но е само еден дел од нашата многу широка програма како ќе ги зголемиме примањата на сите вработени во јавното здравство. Пред неколку месеци беа зголемени сумите за дежурствата. Се зголеми цената на ноќниот труд и на јавни здравствени установи во кои зголемувањето на вкупната сума на пари кои лекарите ја земаат за зголемување на дежурствата, ја зголемува нивната плата за околу 30 проценти што воопшто не е малку, истакна министерот.

Филипче информира и дека капитацискиот бод не влегува во пресметките за покачувањето, но во тек се разговори со матичните стоматолози и гинеколозите кои имаат други барања – законски и системски измени. Неколку опции за нивно решавање се ставени на хартија. По годишните одмори ќе се види кое од тие решенија е најсоодветно. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Венко Филипчездравствопокачување плати
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result