На денешниот брифинг со новинарите лидерот на СДСМ, Венко Филипче призна дека згрешиле со измените на Кривичниот законик и дека нивните денешни предлози и признавање доаѓа од реакциите на јавноста и на граѓаните.
„Мораме да бидеме искрени и да признаеме дека згрешивме со измените на Кривичниот законик. Има изготвен нов Кривичен законик во 2017, под министерката Рената Дескоска, апелирам Владата да го стави на јавна расправа и заедно со консензус да донесеме, еден нов, како што доликува Кривичен законик. Не е доволно да кажеме дека сме направиле грешка, одиме чекор напред да направиме повеќе“, истакна Филипче.
„Во реакциите на јавноста, во рекациите на стручната фела, во однос на гласовите кои ги добивме на изборите. Сметам сме се соочиле со критиката, не би затворил очи пред критика ако е издржана“, изјави Филипче одговарајќи на новинарски прашања.
Б. Ј.