• Latest

Финални забелешки за законот за медиуми во пресрет на амандманската расправа

April 12, 2018
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Финални забелешки за законот за медиуми во пресрет на амандманската расправа

April 12, 2018 14:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Финални забелешки за Предлог  законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изнесоа  денеска на јавна расправа во Собранието претставници на медумската област во пресрет на амандманската расправа во матичната собраниска Комисија за законот која е закажана за в понеделник.

Клучните барања се однесуваат околу финансирањето на јавниот сервис Македонска радиотелевизија (МРТ), за која се бара повисок износ од предвидениот дел  од приходите во државниот Буџетот, по укинувањето на радиодифузната дејност.

Оценка и на претставниците на медиумската фела и на Владата е дека главен тест за демократијата во државата ќе биде  изборот на кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиомедиумски услуги (АВМУ) и на Програмскиот совет на МРТ за кој се предлага да се врши со двотретинско мнозинство во Собранието.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани го поздрави предложениот избор на членовите со двотретинско мнозинство,  потенцирајќи дека за медиумските реформи е потребен натпартиски консензус и охрабрувајќи ја опозицијата да се вклучи во активностите.  Сериозната фалинка на законот е системот на финансирање на МРТ, рече Селмани, кој побара  да се покачи процентот за финасирање на МРТ.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски истакна дека законот со кој, како што вели, целта е да се тргнат рацете на политичарите од медиумите,  ќе биде појдовна основа за реформите во областа. Побара да се даде шанса за законското решение за кое, како што забалежа, досега има 38 објавени и дебатирани верзии, и пак има 200 отворени прашања.

– Изборот на новите членови на регулторните тела и на  Програмскит совет на МРТ е тест за политичките партиии и за демократијата. Сакаме да го положиме тој и јавноста ќе не оценува во тој процес, кој мора да биде јавен и транспарентен, рече Манчевски, посочувајќи дека се е во насока на подбрување на состојбата во медиумите која ја оцени како катастрофална.

Според Манчевски,  парите што се одвоени за МРТ се според реалните можности, а намерата на одредбата каде се вели дека се остава простор за дополнително финансирање  не  е политичко влијание туку да се остави простор за идните набавки и кадар.

Министерот за отчетност и комуникации Роберт Поповски, пак, рече дека законот е почеток на реформските процеси во областа, за што е суштинска саморегулацијата, но е неопходна квалитетна и функционална регулација.

– Суштината на законот е тргање на рацете на политичарите од медиумите и сите медиоумски организации. законот треба да ги департизира и деполитизира агенцијата за меидуми и јавниот сервис, рече Поповски.

Претседателот на АВМУ Зоран Трајчевски смета дека независноста на регулаторното тело нема да се негово финансирање од Буџетот, со оглед дека се предлага за АВМУ да се одвојат шест проценти од планираните пари со новиот начин на финансирање на радиодифузната дејност, за која ќе се одвојуваат 0,7 проценти од приходите во Буџетот.

Трајчевски рече и дека не се издржани констатациите оти Агенцијата била нем сведок на говорот на омраза. – Агенцијата нема законска можност да казнува и досега има поднесено десетици и десетици претставки до јавниот обвнител и до Комисијата за заштита од дискриминација, од кои досега не е преземено нитуе една активност, рече Трајчевски.

Претседателот на  Советот на АВМУ,  Лазо Петрушевски, пак, смета дека спромените со професионално вработување на членовите на Советот ќе предизвика  промена на карактерот на ова регулаторно  тело. – Тоа ќе биде нешто помеѓу агенција и совет за радиодифузија, нема да функционира и ќе направи проблеми, рече Петрушевски.

Во завршните зборови од дебатата, министерот Поповски наведе дека се апсолутна лага нападите што во тек на дебатата во изминатиот ги упатиле претставници на АВМУ дека исклучива цел на законот е да се направат интервенции во персоналниот состав на регулаторното тело.

АВМУ, смета Поповски, почнала да се однесува  попрофесионално, откако, како што рече, виделе дека „се клима политичката ситуација и под притисок на меѓународниот фактор“, а сега тоа го прикажува како резултат.

– Поради вашата политичка поврзаност говориме сега за департизација и професиопнализација и на јавниот сервис и на Агенцијата за медиуми, рече Поповски.

Во втората фаза на законот за медиумите, според новинарорт Столе Наумов, треба да се опфати медиумската концентрација каде смета дека е потребна либерализација според германскиот  пример, односно според удел. Сегашните ограничувања за спречување на медиумска концентрација постојат, но се залудни. Ја откриваме, даваме 60 дена за прилагодување и после 65 дена пак може да се прекрши членот и нема никакви казни, рече Наумов.

Финални забалешки, меѓу останатите, испорачаа и операторите  на јавни комуникациски мрежи кои сметаат дека не треба да подлежат на одговорност за содржината на програмата што ја реемитуваат, бидејќи, како што велат тоа е опфатено со друг закон.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: амадманизакон за медиумијавна расправафинални забелешки
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ