• Latest

ФокусНет од Штип со детали за дводеценискиот спор со Македонски Телеком

September 5, 2024
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ФокусНет од Штип со детали за дводеценискиот спор со Македонски Телеком

September 5, 2024 13:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со последните случувања во јавноста, соопштенија и изјави, поврзани со судскиот предмет заведен од страна на Фокуснет ДОО Штип против Македонски Телеком АД Скопје, за надомест на штета, заради целосно и правилно информирање на јавноста, сакаме да известиме за следното:

ФокусНет ДОО во 2002-ра година според инсталираниот капаците веќе беше трет по големина интернет провајдер кај нас, со можност да задоволи најмалку 14% од домашниот интернет пазар, со тенденција на брз раст. Тогаш, Македонски Телеком АД Скопје, за да ја уништи конкуренцијата, со злоупотреба на доминатната позиција на пазарот за давање на интернет пристап до крајните корисници, го истисна ФокусНет од пазарот. Таа злоупотреба е утврдена и правно докажана со конечно и правосилно решение на Комисијата за заштита на конкуренцијата бр.08-358/2 од 05.12.2012 година, потврдено со пресуди на Управниот суд и Вишиот управен суд У-5 бр.20/2-13 од 04.07.2013 година и УЖ бр.1280/2013 од 23.01.2014 година.

Овој докажан факт претставува основ за тужбата за надомест на штета. Согласно Законот за заштита на конкуренцијата, во членот 58 е уредено дека секое лице кое ќе претрпи штета заради повреда на одредбите на овој закон, може да бара надоместок согласно закон.

Врз основа на таквата тужба, по правосилноста на решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата, наведено погоре, надлежниот судија нареди да се изготви комбинирано вештачење. Вештачењето утврди дека штетата која ФокусНет ДОО ја претрпел заради исфрлањето на пазарот од страна на Македонски Телеком е во висина од без малку 4 милиони евра. Вештачењето имаше свои дополненија, согласно приговорите на странките, меѓутоа износот остана ист.

Правниот основ беше утврден, со вештачењето беше утврдена висината на штетата, но првостепениот суд од за нас правно непознати причини, го одби тужбеното барање. Одлуката беше обжалена и Апелационен суд во 2024 година, повеќе од 21 година од поведувањето на спорот,  само делумно ја уважи жалбата, и утврди надомест на штета во износ од приближно 2 милиони евра, со што го преполови износот кој е утврден со вештачењето. Дополнително, рокот за кој е предвидено да се пресметува каматата е скратен на само 6 години, иако штетата е настаната пред 20 години. Фокуснет ДОО Штип е незадоволен од оваа одлука и ќе продолжи со заштита на своите права пред Врховниот суд на РСМ.

Тенденциозните неосновани критики, инсинуации и напади од секој аспект изнесени во јавноста од страна на Македонски Телеком АД Скопје имаат една и единствена цел – да се влијае врз судиите во Врховниот суд при донесување на нивната финална одлука и со тоа да не се исплати штета кон Фокуснет ДОО Штип.

Во нападите се користат изрази како „измислен предмет со цел лукративно збогатување на тужителот  и лицата поврзани со него“, „ човек- фирма, без имот, со блокирни сметки“, „ коруптивен предмет“ и сл. Но, вреди да напоменеме дека предметот се води веќе 22-ра година, а во корист на ФокусНет ДОО досега одлучувале Комисијата за заштита на конкуренцијата, Управниот Суд и Вишиот Управен Суд. Зошто донесувале такви одлуки и констатирале дека ФокусНет е во право? Сите ли биле под притисок и влијание?

Единствена пресуда во корист на Телеком е таа на Основниот Суд кој чудно ги игнорира вештачењето и претходните правосилни одлуки, а пресуда која сега Апелациониот Суд само делумна ја коригира. Дали не може да се заклучи обратното – дека Телеком влијаел врз донесувањето на одлуката во Основниот Суд? Дали таму не постои одговорност?

Нашите најнови сознанија кажуваат дека моментално се прави огромен притисок врз Судскиот Совет да донесува одлуки кои би довеле до тоа да се поништи пресудата на Апелациониот Суд и да се спречи исплатата. Се наведува Судскиот Совет итно да одлучува за предмет кој се води две децении врз основа на извештај кој се подготвувал само една недела. Апсурд! Но истовремено, пријавата од ФокусНет до Судскиот Совет за судијата од Основниот Суд кој ја донесе вистински контроверзната одлука, воопшто не е ставена за разгледување иако е поднесена пред 15 месеци. Со таа пресуда Основен Суд поништува пресуда на Виш Управен Суд што е преседан со кој се руши правниот систем во државата. Телеком се обидува да дефокусира, но токму тоа е вистинскиот предмет за ОЈО!

Дополнително, во судот сѐ уште немаат потврда дека Телеком ја примил пресудата од Апелациониот Суд, иако им е испратена пред 15 дена. Го поставуваме прашањето – како тоа сѐ уште официјално ја немаат примено пресудата од Апелациониот Суд, а издаваат соопштенија за јавност и поднесуваат претставки до институциите? Дали некому не му е јасно за какви манипулации се работи, кога тие избегнуваат да ја примат пресудата за да дополнително добијат време за своите интриги?

Јавноста треба да знае дека во периодот додека Македонски Телеком АД Скопје до крајот на 2005 година кога имаше ексклузивно право за изградба и управување на телекомуникациска мрежа, злоупотребувајќи го тоа свое право, ги исфрли од пазарот сите конкуренти. На најголем дел од нив, како што се Македонија он Лине, Унет и Он.нет им исплати спогодбено надомест на штета. Македонски Телеком во континуитет се плаши од конкуренција, за да има комфорна позиција и на секој начин, дозволен и недозволен, настојува да ја уништи. Недозволен, бидејќи токму заради таквите негови дејствија, изрекувани му се казни, како пред домашните регулаторни тела и судови, така и пред американските судови, каде од страна на неговата компанија мајка Дојче Телеком, беа исплатени 100-ци милони евра, заради коруптивни активности, а дел и во Македонија. Е сега тој Македонски Телеком АД Скопје сака да се прикаже како жртвено јагне од македонските судови. Сега тој Македонски Телеком сите ги нарекува крадци и лукративни типови, само тој се претставува невин во целата ситуација.

Оттука, сакаме да ги замолиме сите институции, државни органи и владини претставници, да не дозволат Македонски Телеком и понатаму да ја загадува вистината и да не подлегнуваат по којзнае кој пат на нивните инсинуации, злоупотреби и манипулации. Да се остават судовите слободно, без притисоци и закани да си ја вршат работата за која се назначени и платени. Само така ќе ја вратиме довербата во судскиот систем. Само така ќе има владеење на правото. Сите се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон!

Фокуснет ДОО

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Македонски ТелекомФокусНЕТ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ