• Latest
Фото: МИА

Фон дер Лајен: Да ја направиме Европа лидер во дигиталните технологии

July 7, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фон дер Лајен: Да ја направиме Европа лидер во дигиталните технологии

July 7, 2023 11:05
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Сакаме да ја направиме Европа лидер во глобалното истражување, дизајн, тестирање и производство на полупроводници и во тој контекст отвораме ново поглавје со усвојувањето на Законот за чипови, кој формално ќе стапи во сила на есен, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лaјен, при посетата на белгиската компанија за производство на наноелектонски и дигитални технологии ИМЕЦ.

– Законот за чипови веќе генерира неверојатен моментум. Откако го предложивме европскиот Закон за чипови во февруари минатата година, најавени се повеќе од 90 милијарди евра индустриски инвестиции во Европа. На пример, 12 милијарди евра за постројка за пакување и тестирање на полупроводници во Полска и 30 милијарди евра за две фабрики во Магдебург во Германија. Но, гледаме инвестиции и во Даблин, Катанија, Гренобл и Дрезден, истакна Фoн дер Лајен.

Според неа, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, со овој закон ќе се обезбедат конкретни можности за финансирање на изградба на капацитети за производство, истражување и развој на дигитални технологии, како и создавање на солидна мрежа за соработка ширум земјите од Унијата.

Фон дер Лајен потенцира дека развојот на овие технологи не е само неопходен за имплемантација на зелената и дигиталната транзиција на ЕУ и за раст на европските економии, туку тој има и свој дополнителен геополитичкиот контекст.

– Нашата економија не би функционирала без чипови. Затоа, треба да ја намалиме нашата зависност од добавувачите од Источна Азија. Активно мораме да го отстраниме ризикот за нашите синџири за снабдување со чипови. Тоа е од витално значење и ние треба да го промовираме дизајнот, тестирањето и производството овде во Европа, рече претседателката на Европската комисија.

Токму затоа, според неа, Законот за чипови, ќе ги промени правилата на игра и ќе придонесе за зголемување на европската економска безбедност.

При посетата на седиштетото на ИМЕЦ во белгискиот град Лувен, Фон дер Лајен беше придружувана од белгискиот премиер Александeр Де Кру, премиерот на регионот Фландрија, Јан Јамбон, министер за труд, економија, социјална економија, иновации и земјоделство на Фландрија, Џо Браунс, првиот човек на ИМЕЦ, Лук ван ден Хов и претседателот на Управниот одбор на холандската компанија АСМЛ, Питер Венинк.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУУрсула фон дер Лајен
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result