Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со твит на македонски јазик, на нејзиниот официјален профил на Твитер порачува:
Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам.
?? Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија.
Ве сакаме во ЕУ!
Ви благодарам. pic.twitter.com/yG51PGzhpT
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022
„Сакам да бидам денеска овде меѓу вас, за директно да зборувам со вас. За да слушнете од мене како ве чека Европа. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште еден чекор кон Унијата. Заедно ги следевме нашите соништа за една ЕУ и заедно ќе го претвориме овој сон во реалност. Ние сме убедени дека ова е од историска важност. Но одлуката е ваша и само ваша. На крајот на краиштата се работи за патот што го избравте.
Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без квалификација од ЕУ. Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам.“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во своето обраќање денеска пред пратениците во Собранието, во рамки на 80-тата пленарна седница.
Ј. Ѓ.












