• Latest

Фотоволтаици за излез од енергетска криза и поевтина струја

November 19, 2022

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Фотоволтаици за излез од енергетска криза и поевтина струја

November 19, 2022 12:39
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на енергетска криза и вртоглав раст на цените на електричната енергија, експертите од енергетиката велат дека со фотоволтаиците се заштедува значително електрична енергија поготово за домаќинства кои што ја користат дневната електрична енергија.

Општините и комуналните претпријатија се во грч од високите сметки за струја. Од почетокот на годината, па досега, сметките им се различни, во зависност од цената на струјата на светските пазари, односно од она што им го нудат добавувачите на електрична енергија. Комуналните претпријатија кои со пумпи вршат диструбуција на водата за пиење се соочија со сметки за струја кои го надминуваат и нивниот месечен приход.

Такви сметки добија комуналните претпријатија во Штип, Кочани, Битола и други градови. Општините и комуналните претпријатија бараат решенија како да останат ликвидни и да не трупаат долгови. Едно од решенијата е да постават фотоволтаици на покривните конструкции на неколку општиниски институции.

Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Токму затоа граѓаните од 1 јули годинава можат да поставуваат фотоволтаици за производство на електрична енергија на своите покриви со инсталирана моќ до шест киловат часови. Притоа со законските измени вишокот на произведена струја „ЕВН хоум“ ќе биде должен да им го откупи или да им одбие од сметката кога ќе трошат повеќе од произведеното.

За оние граѓани кои ќе се одлучат да инсталираат фотоволтаици ќе може да искористат субвенции до 30 отсто од трошоците за инсталирање на фотоволтаици на покривите на домаќинствата, но не повеќе од 62.000 денари .

Ова се чекорите кои не приближуваат до целите на Европската Унија, а Северна Македонија во април минатата година ја усвои новата државна Стратегија за енергетика, со која е предвидено во следните две децении да бидат затворени сите термоелектрани на јаглен и земјата да направи транзиција кон обновливи извори на енергија.

Според наведеното во Стратегијата, државата треба да носи политики во енергетскиот сектор кои до 2040 година ќе обезбедат намалување на емисиите на стакленички гасови од најмалку 8 проценти во однос на 2005 година, до над 60 проценти, доколку биде остварено најдоброто „Зелено сценарио“, како што стои во документот.

Порасна буџетот за субвенционирање на обновливи извори

Владата, на предлог на Министерството за економија донесе Програма за промоција на обновливи извори на домаќинствата за 2022 година, а со ребалансот на Буџетот, средствата за нејзина реализација се зголемија на 60 милиони денари, од претходно одобрените 30 милиони денари.

Тие средства ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање фотонапонски панели за производство на електрична енергија за домаќинствата, до 30 проценти, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2022 година.

Со последните измени на Правилникот за обновливи извори на енергија се овозможи потрошувач-производител да постави производна постројка со поголема инсталирана моќност со цел целосно да ја задоволи својата потрошувачка и воедно да пласира поголемо количество во мрежата.

Со тоа, како што објаснуваат од Министерството за економија, за одредени категории субјекти целиот концепт станува поатрактивен, односно инсталираната моќност на постројката за производство да не е поголема од 6 киловати, за домаќинствата и инсталираната моќност на постројката да не е поголема од 40 киловати, за мал потрошувач, буџетски корисник и единка корисник.

Исто така, укажуваат од Министерството, со Правилникот се овозможи секое домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник/единка корисник да склучи договор за снабдување и предавање на вишокот на произведена електрична енергија со кој било снабдувач со електрична енергија, вклучително и со универзалниот снабдувач.

Олеснета процедурата за фотоволтаици

Со 84 гласа „за“, пред еден месец пратениците на 84. седница го донесоа Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.

Со овој предлог закон се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа.

Со Законот за градење фотонапонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1 МW можат да се постават на објект по добиено решение за поставување согласно членот 74 од Законот. Со измените на Законот за градење ќе се избрише одредбата со која општината издава решение за поставување на фотонапонски системи на кров за потрошувачите-производители.

До Министерството за економија во октомври беа пристигнати барања за субвенционирање трошоци за поставени фотонапонски панели од повеќе од 10 домаќинства со инсталирана моќност од околу 30 киловати. Тие ќе можат да аплицираат за средствата по објавата на Огласот за субвенциниорање, што според најавите од ресорното министерство, треба да се случи до крај на годината откако беа изгласани измените на Законот за градење со кои се најавени поедноставени процедури за поставување фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти.

Од Министерството за економија велат дека заинтересираните домаќинства ќе имаат право да аплицираат за остварување надомест на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, а вишокот да го предаваат на електродистрибутивната мрежа, во согласност со Правилникот за обновливи извори на енергија.

Според Министерството за економија, постои значително зголемување на интересот кај граѓаните за поставување на фотонапонски панели на покрив по направените промени во Правилникот за обновливи извори на енергија со кои, како што потенцираат, се отстранети извесни пречки кои го отежнуваа процесот за поставување на фотонапонски електрани при што вишокот на произведената електрична енергија се предава во системот – потрошувач производител.

Неделно и до 40 барања од компании до РКЕ за лиценци за фотоволтаици.

Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) годинава издаде лиценци на компании за капацитет од 63,5 мегавати од фотоволтаици и од 6,5 мегавати од мали хидроелектрани и бележи сè поголем интерес за вакви инвестиции.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, очекува до крајот на годината да има над 100 мегавати новоизградени обновливи извори на енергија со лиценците што се веќе издадени или се во постапка на издавање.

– Огромен е интересот. До овој момент РКЕ има доставено 134 лиценци за производство на електрична енергија од фотоволтаици  или мали хидроелектрани. Вкупниот инсталиран капацитет е 63,5 мегавати од фотоволтаици, а 6,5 мегавати од мали хидроелектрани. Има уште 51 компанија, која ни е во постапката за издавање на лиценци. Значи, очекувањата се дека до крајот на годината ќе имаме над 100 мегавати новоизградени обновливи извори, што е да  речеме повеќе од еден Козјак. Тоа е само за една година, од 1 јануари, рече неодамна Бислимовски, и потсети дека по овој основ минатата година имаше околу 14 мегавати.

Во октомври неделно добивале околу 30 до 40 барања, што, според него, значи дека интересот е екстремно голем.

Соња Танеска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ