Франција го претстави предлогот за отворање на преговорите за членството на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, јавува дописиничка од Брисел за ТВ Клан Македонија за KDP.
Според Франција, процесот на проширување треба да биде поконтролиран, и да ја опфати и експертизата на другите членки, за прогресот да даде сакани резултати.
Франција смета дека пред отворањето на преговорите за членство за Северна Македонија и Албанија, треба да се исполнат неколку услови. Албанија треба да спроведе реформи во судството и изборни реформи, а Северна Македонија треба да направи прогрес во прашањето со СЈО.
Отворањето на преговорите за членство, според Франција, треба да се одложи до 2020 година за двете земји, откако ќе ги исполнат гореспоментатите услови.
На овој начин, Франција го поддржува ставот на Германија за условувањето на Албанија, но е понијансирана и покритички настроена во врска со проблемите со корупцијата и организираниот криминал во Албанија, за конкретниот прогрес во реформите во Северна Македонија и Албанија, и смета дека има пореален став во однос на политичката ситуација во двете земји.
Д. Т.