• Latest

Францускиот предлог е прифатлив, подобро Брисел да нè оценува отколку само Софија, смета Пендаровски

July 3, 2022
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Францускиот предлог е прифатлив, подобро Брисел да нè оценува отколку само Софија, смета Пендаровски

July 3, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката да го прифатиме нема да биде историски триумф или историски дебакл. Со овој предлог имаме само можност да ги отвориме преговорите и со него остануваме на европскиот колосек кој е долг, но до овој момент не губиме, ама баш ништо, изјави претседателот Стево Пендаровски по одржувањето на денешната Седница на Советот за безбедност на која беа и премиерот Димитар Ковачевски и министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ, на која беше разговарано за францускиот предлог отстранување на пречките за старт на преговорите на Северна Македонија.

Тој додава дека станува збор за транзициски предлог и затоа, како што рече, негов став е дека треба да се прифати само како одлука државата да ги отвори преговорите за членство во ЕУ.

„Со него ја креваме бугарската блокада и дозволува формално отворање на преговорите. Тој овозможува скрининг процес пред отварање на кластерите и трето со ништо не го поткопува македонскиот идентитет, бидејки има чиста формулација за македонскиот јазик без фусноти“, вели Пендаровски.

Тој додаде дека очекува заклучоци на Владата, ако таа го прифати предлогот, дека мора да ја содржат реченицата:

„Од денот кога ќе ги отвориме преговорите до нивното завршување, ако има дополнителни обиди за спомнување влез во дискусиите македонски јазик и македонска историја, во истиот момент ние да се повлечеме од преговорите“, рече тој.

Тој изрази уверување дека во неговите разговори со високи европски и светски претставници нема добиено впечаток дека сакаат да го разнебитат макеоднскиот народ и држава.

Со францускиот предлог, рече Пендарвски, историјата не е услов и има само една една реченица и во предлогот и во протоколите. Има сугестија почесто да се среќаваат историчарите.

Во однос на изјавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека неприфаќањето на овој предлог може да создаде меѓуетнички тензии, Пендаровски вели дека не очекува безбедносни ризици, особено затоа што и порано имало случаи на одбивање и разочарувања во делот на евроинтеграциите, а тоа не предизвикало конфликт.

Пендаровски кажа дека најголема слабост на предлогот е тоа што се бара во оваа фаза внесување на Бугарите во Уставот, бидејќи тоа ќе биде домашна блокада. Политичката ситуација во земјава односно поделеноста никако не гарантира дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за вакви уставни измени.

„Ако ме прашувате дали можевме да се избориме за подобро ќе ви кажам вака – како држава со 1,8 милиони граѓани и 500 евра просечна плата која не е членка, не можевме. Постои страв кај народот дека во ЕУ можеме само како Бугари и никако поинаку. Тоа не е така, па 21 век сме. Никако еден Македонец не може да стане Бугарин насилно, тоа може само со наша волја, а тоа многу го прават со бугарски пасоши, или ако не окупираат“ рече Пендаровски.

Пендаровски кажа дека од позиција на човек кој имал средби со голем број европски лидери, меѓу кои и со францускиот претседател Емануел Макрон и гермнаксиот канцелар Олаф Шолц, нема впечаток дека ЕУ сакаат да ја разнебитат македонската нација и народ.

Пендаровски нагласи дека изминативе денови бевме мета на хибридни напади со кои се створи погрешна слика во јавноста за францускиот предлог.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ