Во дворот на семејната куќа на Габриел Бајрам, синот на Амди Бајра, синоќа , непознат сторител фрлил експлозивна направа. Ѓртви нема, направена е само незначителна материјална штета.
На инцидентот , според кажувањето на Бајрам, му предходеле закани по живот доколку неговата партијата не се повлече од кампањата за локалните избори. Закани исто така биле пријавени во полциија.
Габриел Бајрам е претседател на Сојуз на Ромите во Македонија и кандидат за советник на Град Скопје од листата на СДСМ.