Со отворено писмо до директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг, групи стручни лица порачауват дека создавањето апликации за деца помлади од 13 години е неодговорно, оти ги поттикнува помасовно да ја користат оваа социјална мрежа.
Стручните лица сметаат дека децата не се подготвени и не треба да имаат профили на социјалните мрежи.
Како што јави Би-Би-Си, тие првенствено приговараат на поедноставената верзија „Фејсбук за деца“, со ограничени содржини,
Во писмото натаму се наведува дека децата не се доволно зрели да ја сфатат комплицираноста на интернет врските со светот, што често доведува до конфликт дури и меѓу повозрасните корисници.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.