• Latest

Гаревски: Денес една од најригорозните контроли на сеизмичка отпорност на градбите во Европа се прави во Македонија

July 26, 2022
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Гаревски: Денес една од најригорозните контроли на сеизмичка отпорност на градбите во Европа се прави во Македонија

July 26, 2022 19:30
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за Фронтлајн, професорот Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП), се осврнува на катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Како истакнат научник и долгогодишен директор на ИЗИИС, професорот Гаревски вели дека денес една од најригорозните контроли на сеизмичка отпорност на градбите во Европа се прави токму во Македонија.

ФРОНТЛАЈН: Како преживеан на земјотресот од 1963 година може ли да го споделите вашето искуство, што се случуваше во периодот после земјотресот?

ГАРЕВСКИ: Јас тогаш имав 11 години и добро се сеќавам. Тие сеќавања нема да ми се избришат до крајот на мојот животот. Јас кога го преживеав земјотресот како единаесетгодишен не бев свесен дека тоа е земјотрес. Во анкетата која е во тек сега за однесување на граѓаните за време на земјотресот 62-63 % од луѓето одговорија дека не биле свесни дека тоа е земјотрес.

Ниеден проект пред земјотресот не беше проектиран според сеизмика. Беше страшно, имаше страшна бучава. Инерцијата не фрлаше од еден на друг ѕид. Нешто друго што би сакал да кажам, а е карактеристично. Беа многу добро организирани, кој тоа го организираше не се сеќавам ние бевме деца. Некаде после половина час дојде некоја екипа бијдеќи татко ми беше проектант на Централата Маврово и експерт за брани, да го однесат на браната Матка да се види дали е оштетена, да не дојде до нова каскадна катастрофа.Се виде дека организираноста е на многу големо ниво. Во прашалникот кој го правиме сега од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП) има прашање: -Што мислите дали сега организациски би се снашла подобро Македонија денеска или во 63 година?, 60% одговороија дека не сметаат дека така добро ќе биде организирано за земјотресот како што било во 63 година. Навистина беше прекрасно, шатори многу брзо се намонтираа.

Помошта беше многу голема, од цел свет. Се формираше цел град со шатори во Гратскиот парк. Организацијата беше голема, добро тогаш беше и политички интересно да се сретнат американската и руската војска заедно. Сега не се сретнале, не дај боже да се сретнат може да биде сега многу опасно. Дојде руската војска со тешка механизација, американската војска, тоа памтам. Најинтересно е да се спомно, сите оние кои се постари знаат, имаше пакетчиња што ни праќаа американците, но најубави пакети пратија мексиканците. Нивниот претседател Лопез уште го пратам, испрати пакети со фармерки и ние како деца многу се радувавме на тоа.

Се формираа екипи, експерти инженери ги бележеа објектите колку е ризично да се оди во објектите. Се обележуваа со зелено кадешто можеше одма да се вселите во објектот. Две жолти дека треба некоја санација и црвена боја за рушење. Се проистапи кон санација, доста смели санации се направија. Пополека објектите, некои за една до две години комплетно се санираа, луѓето се враќаа и почна животот да тече најнормално. Се направија прекрасни населби како Пржино, Капиштец се е тоа после нземјотресот. Сите убави бараки, за жал сега пополека тие стануваат големи објекти со минимум три спрата и повеќе. Објектите не се лоши за сеизмика, одлични се, но урбанистички пополека Скопје станува хаос. По мое мислење треба идните урбанисти да се ориентираат да не се набиваме накај Водно, туку да одиме накај Скопска Црна Гора, малку полека и воопшто да се забрани изградба во Скопје и во самиот Центар.

ФРОНТЛАЈН: Вие бевте долгогодишен директор на ИЗИИС можете ли да ни кажете дали во Скопје се почитуваат стандардите за сеизмичка градба?

ГАРЕВСКИ: Да, тоа сакам да потенцирам. Значи многу голем дел од граѓаните, но и новинарите не се информирани. Прво пред земјотресот немаше сеизмички прописи, туку беа за обична градба. Во 64-та се донесоа првите прописи и почнаа да се применуваат. Генерално секогаш после земјотрес се земаат сеизмичките сили во предвид. Можеби граѓаните се плашат што стана нагла урбанизациија, што викаат урбана мафија, има стварно и такваа.

Од 2014 година во Законот за градба е воведен член 4а кадешто секој проект, секој објект што се гради во Македонија треба да помине низ научна институција специјализирана за сеизмичка отпорност на градбите. Од 2014 година секој објект што е помал од 300 квадрати мора да се контролира проектот во научна институција како што сме ние, а за поголеми од 300 квадрати објекти, покрај тоа што се контролира проектот, се контролира два пати на терен, само конструкцијата нас не интересира. Граѓаните треба да знаат дека после 2014 година една од најригорозните контроли во Европа се прави во Македонија. Тоа дефинитивно го тврдам и тоа е баш така.

ФРОНТЛАЈН: Кои се и дали има ризици од поголема сеизмичка активност во регионот на Скопје?

ГАРЕВСКИ: Многу тешко се предвидуваат во краток период кога би се случиле земјотреси. Повратниот период на скопските земјотреси е негде измеѓу 300 до 500 години. Но тоа не значи дека за 500 години ќе се случи. По таа теорија на веројатност може дури и утре да се случи, но веројатноста е многу мала. Тоа не значи дека ние не треба да градиме сигурно. Два параметри постојат да бидеме супер организирани по однос на намалување на жртви, едно е сигурна градба и друго припременоста што треба да правиме за време на земјотрес.

По однос на сеизмичноста скопскиот регион спрема статистиката, не би требало да има поголема сеизмичност од оној што беше во 63та. Значи максимум некаде 6,5 можеби би се случил во иднина. Но не би требало во многу брз период се се случи земјотрес. Дури и оној 5,4 што беше во 2016 се случува еднаш во 50 до 100 години. Но ние не треба повторно да се релаксираме и да мислиме да тераме до о400 години до другиот земјотрес. Може секој момент, но веројатноста е мала.

ФРОНТЛАЈН: Како напредува науката во рано детектирање на земјотреси?

ГАРЕВСКИ: Многу тешко, практично не постои, скоро науката и не се занимава веќе со рано детектирање на земјотреси од неколку причини. Некаде во шеесетите години постоеше голем ентузијазам дека ќе се најде начин да се знае кога ќе се случи земјотресот. Тоа беше ентузијазмот и за американците, јапонците, русите и кинезите. Но после тоа тој ентузијазам спласна и американците и Европа се откажа од предвидување. Остана Соверскиот сојуз и Кина во тоа време, дека тие се грижат за народот и дека ќе предвидат. Особено Кина со тоа се занимаваше.

Мора да се потенцира дека постои единствено земјотрес во светот кадешто е кажано дека ќе се случи, а тоа е во Кина 1975 година, но нема многу податоци. Зошто градоначалникот евакуирал два милионски град еден ден пред да се случи земјотресот со магнитуда 7,5 и практично спасил да нема можеби стотици илјади жртви. Но од многу мали информации се кажува дека претходно имало голем број на силни форшокови. Направиле оштетување на објектите и тој решил да ги евакуира. И следниот ден се јави тој со огромна магнитуда, кадешто пола град е срушен. Но се смета дека тоа не било со предвидување.

Во 1990 година американците поставија огромен број на инструменти, разни сензори кои со тие секвенции предвидуваат дека за една до две години ќе се појави земјотрес и го мониторираа да видат дали има испуштања на некој гасови, подигнувања на нивото на водите и сл. Земјотресот како секогаш што е чуден наместо за две три години се случи за десет години покасно. Така што практично не може никако да се предвидат земјотресите.

Ние како градежни инжинери и специјалисти во земјотресно инженерство можеме веќе да проектираме сигурна сеизмичка зграда под услов проектот да е добро направен и да се спроведува како што е спрема проектите. И надзорот е многу важен и проектот е многу важен.

Разговорот го водеше: Мартина Ацковска / Фронтлајн

Камера, фотографија и монтажа: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ