• Latest

Гарет: Решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион

April 6, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гарет: Решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион

April 6, 2018 16:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион, и за западните земји заедно со Велика Британија, изјави британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Гарет во интервју за телевизија „Телма“.

Гарет очекува од Македонија и од Грција да направат компрпомис, а решението ќе биде пресвртница за иднината на Македонија.

Британскиот амбасадор во интервјуто зборува за руските закани, но и за очекувањата наскоро македонскиот Парламент да почне да функционира.

„Јас сум претпазлив оптимист. Гледам дека преговорите продолжуваат. Има позитивни коментари јасно е дека има посветеност во обидите на двете страни, на Атина и на Скопје, и на Грција и на Македонија е да го решат ова прашање засекогаш. Знам дека има тежок момент. Потребна е политичка храброст за да се постигне потребниот договор“, рече британскиот амбасадор.

Гарет нагласи дека во целиот процес треба да се внимава на две работи. Првата е дека во текот на преговорите секоја од страните мора да направи еден вид компромис. Втората работа се огромните можности што се отвораат за Македонија, но и за двете страни. Ако има договор, овие можности можат да бидат пресвртница за Македонија.

На прашањето дали во овој тежок момент може да се очекува помош, некој вид посредништво на сојузниците меѓу кои и Велика Британија, за да заврши процесот, Гарет истакна дека таа поддршка постоела отсекогаш.

„Секогаш сме ги поддржувале двете страни, во однос на ова прашање, што им носи бенефит и на двете страни кои се инволвирани. Ова прашање е од интерес и важност кои имаат многу поширок опсег, не само за регионот, туку и за земји како што е Велика Британија, тоа е од сериозен безбедносен интерес за Балканот, но ова е и централно безбедносно прашање. Затоа силно ги поддржуваме и ги охрабруваме двете страни“, рече Чарлс Гарет во интервјуто за „Телма“.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: имеинтервјуЧарлс Гарет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result