Членството на крилото во „Беса“ предводено од Африм Гаши, побарало да се прекине судскиот процес за името на партијата, бидејќи ќе формираат нова партија која ќе го носи името „Алтернатива“.
Одлуката да му се препушти „Беса“ на Билал Касами е донесена на вчерашната средба на Централното собрание на крилото предводено од Гаши.
Внатрепартискиот раскол во „Беса“ настана по локалните избори во 2017 година, поради незадоволство од постигнатите резултати.