• Latest

Генералски рокади: Освежување на военото водство во АРМ

May 23, 2018

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Генералски рокади: Освежување на военото водство во АРМ

May 23, 2018 09:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пензионирање на дел од командниот армиски кадар, како и освежување на военото водство, се причините за последните промени во генералскиот кор на Армијата на Република Македонија.

Минатата недела и вчера се случија пет рокади.

Примопредавања на должноста командант на Полкот за специјални операции се изврши помеѓу бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев и досегашниот командант бригаден генерал Орце Јордев, кој го замени генерал мајор Азим Нуредин на местото началник на штаб во Здружената оперативна команда (ЗОК). Генеалот Нуредин, пак, ја прими должноста заменик на Началникот на ГШ на АРМ од генерал мајор Мухамет Рацај.

Вчера се реализираше и примопредавање на должноста  командант на ЗОК помеѓу новопоставениот бригаден генерал Павле Арсоски и досегашниот, генерал мајор Зоран Милески, кој ќе ја прими должноста директор на ГШ на АРМ од генерал мајор Димче Петровски.

Од Кабинетот на преседателот на Република Македонија и Вроховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов за МИА соопштија дека промените во генералскиот кор на АРМ се редовни и планирани активности, а следуваат поради пензионирање на дел од командниот кадар. 

-Новите поставувања имаат за цел да го освежат военото водство и да ги динамизираат целокупните процеси во АРМ и да дадат поддршка на целокупните напори во евро-атлантските интегративни процеси. Од разрешените генерали се очекува со своето искуство да дадат целосна поддршка во претстојните значајни процеси за одбраната на Република Македонија, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Иванов очекува вооружените сили и понатаму да бидат значаен двигател и адут на политичкото водство на патот кон целосната интеграција на Република Македонија во евро-атлантските структури.

На прашање на МИА дали министерката Радмила Шекеринска е консултрана за овие промени во АРМ, од Министерството за одбрана  одговорија дека во текот на разговорите околу Стратегискиот одбранбен преглед станало збор и за тоа прашање.

-Добро е кога има координација за крупните прашања во одбраната и Армијата, како во поглед на реформите, така и во поглед на кадровските решенија, стои во одговорот на МО.

Од АРМ велат дека распоредувањето генерали на нови должности или предавање на досегашните високи позиции во Армијата со последните Укази се дел од војничката професија. За припадниците на Армијата со генералски чинови ова претставува круна во нивната професионална кариера, а по завршување на истата и задоволство од постигнатото и вграденото во оваа институција која отсекогаш имала мошне висока доверба кај граѓаните на Република Македонија.

-Да се достигне до генералски чин и да се извршуваат највисоките должности во Армијата на Република Македонија за секој офицер на почетокот на својата професионална кариера претставуваат желба водилка која преку постојано натпреварување во постигнување на повисоки резултати и вградување во единиците, цели кон она кое го имаат постигнато генералите кои ги извршувале највисоките должности во АРМ, како генералите Мухамет Рацај и Димче Петровски, потенцираат од АРМ.

Според припадниците на Армијата, да се биде во служба на татковината најголемиот дел од својот животен век навистина претставува едно чувство на исполнетост, затоа што беспрекорното следење на кодексот на највисоките морални вредности е благородна задача која е исполнета со безброј предизвици и лични пожртвувања.

Извршувањето на работните задачи во не секогаш мирни времиња, понекогаш повеќе или помалку турболентни, е токму тоа за кое од АРМ сметаат дека  генералите треба да бидат почитувани од сите припадници на АРМ и од граѓаните на Република Македонија. Целокупниот овој 26-годишен период на постоење на АРМ беше исполнет со повеќе трансформации кои вклучително и тековната се со задача исполнување на зацртаната стратешка цел на Република Македонија за членство во евроатланските интеграции од кои сите граѓани на Република Македонија ќе го имаат бенефитот.

Во АРМ во моментов има вкупно 11 генерали од кои двајца ќе бидат пензионирани, досегашните ЗНГШ генерал мајор Мухамет Рацај и директор на ГШ генерал мајор Димче Петровски.

Борис Куноски

(МИА)

Tags: АРМгенералиРОКАДИ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ