• Latest
Фото: ukrinform.net

Герашченко: Руските власти сеуште не се обратиле кон Украина со прашањето за враќање на затворениците и телата на убиените војници

March 11, 2022

Унгарската полиција сепак ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

June 19, 2025
фото: скриншот Влада

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025
Одавање почит во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани / фото: ЦИВИЛ Медиа

Обвинителите на средба зад затворени врати со родителите на починатите во „Пулс“ во Кочани

June 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Владејачкото мнозинство е комфорно, сите реформски закони не зависат од Бадентеровото мнозинство

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на штипската телевизија М-нет

(ВИДЕО) Инцидент во Општина Кочани: Советник со шише удри по глава службеничка

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Трамп се колеба за напад врз Иран поради сомневањето во успешноста на бомбата „разбивач на бункери“

June 19, 2025
фото Принтскрин Н1/рс

Ослободени од притвор сите осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

June 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ET NOW

Израелскиот министер за одбрана вели дека ајатолахот Хамнеи „веќе не треба да постои“ по нападот врз болницата

June 19, 2025

Ниту по 34-ти пат не успеа да се конституира косовското собрание

June 19, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Десетици европратеници ќе присуствуваат на Прајдот во Будимпешта, пркосејќи му на Виктор Орбан

June 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Герашченко: Руските власти сеуште не се обратиле кон Украина со прашањето за враќање на затворениците и телата на убиените војници

March 11, 2022 09:07
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Фото: ukrinform.net

Фото: ukrinform.net

Share on FacebookShare on Twitter

Руските воени заробеници ќе станат фонд за размена, бидејќи Русите имаат украински затвореници, изјави советникот на шефот на Министерството за внатрешни работи Антон Герашченко, пренесува Униан.нет.

Русите официјално не го решаваат прашањето за враќањето на нивните заробени воени лица, како и телата на убиените, соопшти советникот на министерот за внатрешни работи Антон Герашченко.

Тој истакна дека Русите сè уште официјално не поднеле барање за ниту еден заробеник и не побарале некого да се врати.

„Ова е прашање и за фашистичката клика на Владимир Путин, дека тие не сакаат да го прават ова, иако имаме многу заробеници. Тие не се занимаваат со телата на нивните војници, кои  сега се расфрлани низ северна и јужна Украина“ – рече Герашченко и потсети дека војската во секое време морала да направи се за да се врати телото на убиениот другар на неговата мајка.

Според советникот на министерот, мора да се разбере дека има и украински војници во заробеништво кај руските окупатори. Воените заробеници отсекогаш биле користени за размена, така што на Украина и требаат заробени Руси како фонд за размена.

Герашченко верува дека заробените Руси, кои вчера зборуваа на брифинг со новинарите во СБУ, искрено се извинија, бидејќи „не сакаа да се борат со Украина, за сите нив тоа беше „изненадување“ – сите се построија на 23 февруари и им било кажано – утре ќе одиме во војна во Украина“.

„Значи, тоа им било речено на офицери, а никој ништо не им кажал на регрутите – едноставно се вклучи алармот, ги ставија  во оклопни возила и тие се возеа во оклопни возила мислејќи дека тоа се вежби. Путин измами стотици илјади од неговата војска, тој го измами целиот свој народ“, рече Герашченко и нагласи дека украинската војска ќе ги уништи окупаторите, а кој меѓу нив не сака да умре мора да се предаде.

Тој исто така додаде дека заробените Руси од страна на СБУ се осомничени за кршење на границите на Украина и инвазија на нашата земја, па затоа тие се лица кои мора да одговараат според Кривичниот законик на Украина и за сите нив важи превентивна мерка во форма на притвор.

Понатаму, украинскиот суд ќе одлучи за судбината на секој од нив, „или ќе има воено-политички одлуки за размена на овие затвореници за нашите момци кои се заробени од Русите“.

Советникот на министерот за внатрешни работи Вадим Денисенко изјави дека војната меѓу Украина и Руската Федерација е прва во историјата на човештвото кога армијата на една од страните одбива да ги земе своите мртви.

превод: Жорж Димовски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    511 shares
    Share 204 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ