• Latest

Герасимовски: Пензионерите со примања до 35.000 ден или без приход можат да користат домашна нега

July 14, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Герасимовски: Пензионерите со примања до 35.000 ден или без приход можат да користат домашна нега

July 14, 2023 12:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар го измени Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица во Општина Центар-Скопје односно за право на користење на проектот „Нега за стари лица во домашни услови“.

Преку овој проект Општина Центар обезбедува вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници во домашни услови за пензионерите во Центар. Имено, измените се однесуваат на зголемување на висината на примањата односно социјалната помош или пензијата. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека корисници на проектот можат да станат лица кои примаат пензија или социјална помош до 35.000 денари месечно наместо до 30.000 денари како што беше досега.

„Со зголемувањето на висината на примањата на пензионерите создаваме услови за пријавување на повеќе заинтересирани пензионери кои услугите може да ги користат во домашни услови. Овој проект верувајте е навистина значаен за сите пензионери кои имаат потреба од нега или помош во одржување на домаќинството“, смета Герасимовски.

Корисници на проектот покрај граѓаните со полни 62 години, адреса на живеење во Општина Центар и примања до 35.000 денари можат да бидат и граѓани кои не остваруваат никаков приход. Тие ќе треба да достават Потврда од УЈП за остварени приходи во претходната година и истата да не надминува нето-приход од 420.000,00 денари годишно.

Сите заинтересирани граѓани доколку сакаат да бидат корисници на проектот најдоцна до 15-ти секој месец може да доставуват барање до Архивата на Општина Центар. Потребно е да приложат фотокопија од лична карта, фотокопија од потврда за примена пензија и фотокопија од медицински документ за здравствената состојба не постар од една година. Додека уловите кои треба да ги исполнуваат корисниците се: лицето да е жител на Општина Центар, да е на возраст над 62 години, да е корисник на социјална помош или пензија и да нема други примања, висината на пензијата или социјална помош не смее да надминува 35 000 денари месечно, корисникот на пензија може да биде 1 член од семејството исклучок од ова може да биде само доколку се приложи извештај за специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второто лице.

Општина Центар им излегува во пресрет на сите граѓани во Општината олеснувајќи ја нивната старост и обезбедувајќи спокојни пензионерски денови.

Tags: ГерасимовскиЦентар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ