Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Основното јавно обвинителство побара правда за настраданите во пожарот во Кочани. Од иницијативата поставија бело платно на кое беа испишани имињата на загинатите и повредените во пожарот.
– Поминаа два месеца од најголемата трагедија во нашата историја. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста дека зад бројките стојат човечки животи, нагласија од иницијативата „Кој е следен“.
Нова герила акција на Кој е Следен? пред Основно Јавно Обвинителство pic.twitter.com/VQpwEet4Dy
— Another white boy with a podcast 9000 (@_normalnioT) May 16, 2025
Оттаму најавија дека утре ќе се приклучат на протестот што семејствата на настраданите во пожарот го организираат во Кочани.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март животот го загубија вкупно 63 лица, а околу 200 беа повредени. Поголем дел од нив беа испратени на лекување во странство. Во пожарот загинаа и членови од бендот „ДНК“ кој таа вечер имаше концерт во дискотеката.
Фото: Х