Членовите на Социјалдемократската партија (СПД) го одобрија договорот за коалиција со огромно „за“ од 84,6% од оние што гласаа. 15,4% гласаа против, а излезноста беше 56% , соопшти германската СПД.
Во посебно известување генералниот секретар на СПД, Матијас Мирш, изјави дека „во овие многу тешки времиња во глобалната политика, ние сме одговорни за нашата безбедност, за економскиот раст, сигурните работни места и еднаквите можности“, пишува Гардијан.
Одобрувањето го отвора патот на лидерот на христијанските демократи Фридрих Мерц да биде потврден за следниот германски канцелар следната недела.