• Latest
Бранко Героски, Плусинфо, Слободен печат

Героски: Да ја намалиме конфликтноста во општеството!

April 11, 2019

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Героски: Да ја намалиме конфликтноста во општеството!

April 11, 2019 15:39
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Бранко Героски, Плусинфо, Слободен печат

Бранко Героски, Плусинфо, Слободен печат

Share on FacebookShare on Twitter

Бранко Героски, главен и одговорен уредник на „Слободен печат“ на конференцијата „Какви избори – таква иднина“ во организација на ЦИВИЛ – Центра за слобода, изјави дека вообичаена и легитимна пракса е медиумите ако сакаат –  да заземат страна во текот на изборите, односно, доколку сакаат, можат да се определат за еден од кандидатите за претстојните претседателски избори, па дури и да навиваат за истиот.

„Во нашата пракса тоа се случи при промената на власта, во 2016 година, бидејќи имавме еден став дека е многу важно Македонија дефинитивно да се ослободи од еден режим кој ја држеше заробена и изолирана од светот и одлучивме дека треба сите ние како граѓани, да дадеме еден личен придонес во таа насока и тоа го направивме. Транспарентно, јавно и легитимно“, изјави Героски.

Тој додаде дека за претстојните претседателски избори се одлучиле да не направат таков сличен потег и да не се определуваат за страна во изборите.

„Размислувајќи за иднината на Македонија, мој личен став и на моите пријатели со кои долго време сум колега, е дека иднината на оваа земја зависи од тоа дали ќе успееме во текот на наредните две или три години, да го намалиме нивото на конфликтноста во општеството, кое сега екстремно е високо. Најважно е што во овој изборен процес гледаме како на шанса да дојде до извесно намалување на конфликтноста, и поради тоа, мораме многу внимателно да ги следиме и да ги пренесуваме пораките на сите тројца кандидати. Имаме некакви нови интересни форми на водење кампања, имаме повеќе забава во текот на овие избори, се трудиме да го наметнеме мислењето дека забавата е додатен дел од циркусот кој се нарекува избори, но не за говор на омраза, туку служи за да се насмееме“, додаде Героски.

Тој вели дека со големо влијание ќе ги следат прекршувањата, за кои слушнал дека сега се намалени, но во медиумот што го уредува – сепак, ги забележуваат.

„Нашиот сензибилитет кон сите прекршувања и кон сите појави на грешки е многу зголемен и поради тоа е перцепцијата дека можеби ние во медиумите сме прекритични. Тоа е така затоа што сега сме многу сензибилни, на ниту едни избори немавме ветување дека ќе имаме нулта-толеранција за корупција, за непотизам, за злоупотреба на јавни фондови за политички кампањи“, изјави Героски.

Тој додава дека доколку државата продолжи да биде „ковачница“ на конфликти, како во овој момент, тоа сериозно ќе го забави нејзиното напредување кон цивилизираниот свет кон кој тежнее и додава дека се надева оти претседателските избори ќе направат некаков исчекор напред.

Ангела Петровска
Камера: Трпе Стојкоски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Тим на ЦИВИЛ

Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ