• Latest

ГЕС дeновиве ќе побара лиценца за вршење дејност

August 27, 2018

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ГЕС дeновиве ќе побара лиценца за вршење дејност

August 27, 2018 08:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува до крајот на месецов Градот да аплицира во Регулаторната комисија за енергетика за добивање лиценца за вршење дејност за новоото градско претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија.

– Ние есенва ќе почнеме со гасификација на Скопје. Она што барам јас, Град Скопје да управува со топловодната мрежа, е всушност среднорочна мерка во борбата против загадувањето. Претпријатието е основано, формиран е Управниот одбор и веќе полека ги работиме техничките подготовки. Јас очекувам до крајот на овој месец пред  Регулаторната комисија да аплицираме за добивање на лиценца за вршење дејност, изјави Шилегов за МИА.

Петре Шилегов

Тој нагласи дека една од причините која го натерала да размислува и да оформи претпријатие кое ќе се бави со енергетскиот систем на Град Скопје е загадувањето на околината. Со формирањето на претпријатието, додаде, ќе се создаде тарифен модел соодветен на потребите на граѓаните и целокупниот систем ќе биде поврзан што не е случај сега.

– Северниот дел од Град Скопје, односно Топланата Север недостига само два километри цевковод за да се спои со останатата топловодна мрежа од нашиот град. Ако ги споите Вие тогаш  имате пазар на енергија и услугите што ќе ги добиваат луѓето за затоплување на станови во Скопје-Север, во Топаана би биле многу поевтини. Во моментов се за 40 отсто поскапи зошто Топлана Север е изолиран остров и имате само 760 корисници на услугите на таа компанија зашто е поскапа од останитите во градот, вели Шилегов.

Ако го направиме поевтино парното греење, додава, корисниците ќе го напуштат системот на затоплување на домовите со дрва, со ќумур или со струја што во Македонија за жал е исто така валкана технологија, бидејќи електричната енергија претежно се произведува од јаглен што ја  загадува околината.

– Тоа е една од причините што мене ме натера да размислувам и да оформам претпријатие кое ќе се бави со енергетскиот систем на Град Скопје, потенцира Шилегов.

Советот на град Скопје во јуни 2018 година донесе две одлуки со кои формира ново јавно претпријатие – „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ (ГЕС) кое ќе врши енергетски дејности.
 Советот на Град Скопје во својство на Собрание на акционери го усвои Статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на Надзорниот одбор на новото јавно претпријатие кои понатаму ќе изберат Управен одбор од пет члена.

Ова акционерско друштво за подрачјето на Град Скопје ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење.  ЈП „Градски енергетски системи“ е формирано со основачки влог од 250.000 евра.
 Петре Шилегов

Со формирањето на ова претпријатие, се создаваат услови за преземање на топловодната мрежа и започнува да се имплементира процесот на гасификација на градот, во кој граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе можат да почнат да ги користат услугите на новото јавно претпријатие.  ЈП „Градски енергетски системи“ АД Скопје ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија откако системот ќе биде преземен од „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) и со гас кога ќе се воведе гасификацијата на Скопје.
До РКЕ нема барање за добивање лиценца за ГЕС

Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) потврдуваат дека до нив се уште не е пристигната апликација за добивање лиценца за вршење дејност од новото градско претпријатие.

Марко Бислимовски РКЕ

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски во изјава за МИА посочи дека постапката за добивање лиценца се уште не е почната и додаде дека доколку апликацијата стигне на време и биде одобрена лиценцата пред почетокот на грејната сезона тоа нема да има никакво влијание врз крајната цена која ќе ја плаќаат скопјани за парното греење.

– Претставниците на БЕГ истакнаа дека немаат против  за негово вклучување во дејноста дистрибуција на топлинска енергија. Доколку се вклучи во текот на грејната сезона нема да се предизвика зголемување на цената, бидејќи и за него ќе важат истите правила, посочи Бислимовски и додаде дека не очекуваат да има и никакви други проблеми.

РКЕ во јули годинава одлучи  да ја намали цената што ќе ја плаќаат граѓаните на град Скопје за потрошена топлинска енергија од 1 август годинава. Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, цената за топлинска енергија за потршувачите на БЕГ се намалува 3,1 отсто за Скопје-Север за 0,76 отсто, а за ЕЛЕМ енергетика за 1,13 отсто.

Намалувањето, како што кажа, доаѓа во услови кога цената на природниот гас е за 40 отсто повисока во однос на лани. Во дејноста производство биле пријавени трошоци во рамките на претходните години, а кај дистрибуција било прикажано одредено зголемување на трошоците.

Парно  .jpg

– Цената се намалува зашто се намалуваат дел од трошоците и имаме нов пристап  за пресметка на обртните средства, а ги намалуваме и загубите во дистрибутивната мрежа и маржата. Маржата ја калкулираме  со два отсто, обртниот капитал во дистрибуција не го признаваме, а во производството наместо со два го калкулираме со еден процент со цел да му обезбедиме ликвидни средства на производителот за набавка на природен гас. Во калкулациите сметаме дека цената на гасот ќе изнесува 320 долари за нормален метар кубен и очекувма дека и во четвртиот квартал ќе се движи во предвиденото, појасни Бислимовски.

Покрај тоа, РКЕ за 8,4 отсто  ја намали и цената за фиксниот трошок, односно цената што ја плаќаат исклучените корисници од системот за топлинска енергија.

Регулаторната комисија воедно го лимитира на истиот износ како лани и начинот на кој се пресметуваат цените на другите услуги ги намали од два на еден отсто признатите обртни средства за производство на топлинска енергија, коефициентот на искористување годинава ќе изнесува 0,98 наместо досега вообичаените 0,95, признатите загуби во дистрибуцијата сега изнесуваат 11,5 наместо 12 отсто, признатите обртни средства за дистрибуција наместо два ќе изнесуваат еден отсто, маржата за снабдување е намалена од четири на два отсто, а средствата за ликвидност за годинава ќе изнесуваат два отсто.

ГЕС ќе го преземе топловодниот систем во Градот од БЕГ

Топлификација АД до 31.12.2012 година беше носител на трите лиценци за вршење на регулираните дејности од јавен интерес – Производство на топлинска енергија, Дистрибуција на топлинска енергија и Снабдување со топлинска енергија.

Овие регулирани дејности Топлификација АД ги вршеше со пет фирми кои се во целосна сопственост на Топлификација АД и тоа: Производство на топлина ДООЕЛ, Дистрибуција на топлина ДООЕЛ, Снабдување Запад ДООЕЛ, Снабдување Исток ДООЕЛ и Снабдување
Центар ДООЕЛ. Топлификација АД во својата групација фирми има уште една фирма, Скопје Север АД, која врши регулирани дејности Производство, Дистрибуција и Снабдување со топлинска енергија во друг дел на градот Скопје. По 2012 година со топлификацискиот систем во Скопје управува Балкан енерџи груп (БЕГ).

Скопскиот градоначалник Шилегов тврди дека на градот треба да му се врати она што му беше одземено во последниве 30 години.

– Топловодната мрежа е сопственост на градот, бидејќи во нејзината изградба партиципираа граѓаните со плаќањето на приклучоците и услугите. Тоа во 1999 година му било одземено од градот и ќе барам да се врати во сопственост на градот и да ги регулираме тие односи, појасни  Шилегов.

Не навлегувам во ничие право на лиценците, вели, но инсистирам топлификациската мрежа која и е дадена на користење на компанијата БЕГ да се врати таму каде што е сопственоста, а тоа на Град Скопје.

– Имајќи предвид дека топлификациската мрежа се води како сопственост на Република Македонија, ќе побарам од Владата да ја додели на Град Скопје, потенцира Шиелегов.

Според него, во моментов договорот на БЕГ е спротивен на закон, бидејќи Закон за енергетика не дозволува ист субјект да биде производител, дистрибутер и да врши малопродажба на топлинска енергија.

– Затоа ќе побараме Владата со одлука да го додели топловодниот систем на управување на Град Скопје. Со тоа автоматски Градот ќе стане сопственик на топлификацискиот систем и ќе купува енергија од производителите Те-То, БЕГ, Топлана Запад, Топлана Север, појасни Шилегов.

Валентин Јанковски

Магдалена Ристоманов

фото: Дарко Попов

Извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ