Во Тетово во избирачкото место 1947, во гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, еден граќанин не го оствари своето демократско и уставно загарантирано право на глас бидејќи не му беше дозволено да гласа затоа што немал фотографија на избирачкиот списокот.
Во избирачкото место 1029 во УЈП Куманово, член на ИО гласал со лична карта прикажана на телефон, сликана, без физичка идентификација.
Во ОУ „Кочо Рацин“ во Прилеп на избирачкото место 1371 еден човек гласал со неважечка лична карта, откако гласал ИО виде дека е неважечка, но сепак го ставил ливчето во кутијата.
Во Радовиш на избирачко место 1582, една граѓанка не е пронајдена на избирачки список. Претседателот на ИК ја упати граѓанката да се обрати до Општинската изборна комисија. Граќанката излезе вознемирино и револтирано и кажа дека нема да оди во ОИК и дека нема да гласа.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ