• Latest

Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал за влијанието на војната во Украина врз шверцот на гориво во Југоисточна Европа

August 8, 2023

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал за влијанието на војната во Украина врз шверцот на гориво во Југоисточна Европа

August 8, 2023 14:40
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) објави нова анализа, во која се истражува влијанието на војната во Украина врз шверцот на гориво во Југоисточна Европа. Насловот на публикацијата е „Гориво за потпалување на огнот“ во која се повлекуваат паралели меѓу шверцот со гориво меѓу минатите конфликти во поранешна Југославија и сегашниот во Украина.

Шверцот со гориво, длабоко вкоренета илегална трговија што се одвива на Балканот повеќе од три децении, е предизвик за економијата и безбедноста на регионот.

Во 2022 година запленети се повеќе од 3.000 тони нелегално гориво во вредност од 4,3 милиони евра, што е речиси четири пати повеќе отколку во 2021 година. Но, ова е само врвот на ледениот брег. На пример, буџетот на Бугарија потенцијално изгубил 250 милиони евра на нелегалниот пазар на гориво само во 2019 година, според новиот извештај на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.

Поради руската инвазија на Украина и изборната криза во Либија во 2022 година, беше воведено ембарго за увоз на нафта од овие земји. Во извештајот се вели дека овие случувања потсетуваат на нелегалните текови на гориво на Балканот во 1990-тите, особено за време на санкциите што ја погодија тогашна Сојузна Република Југославија.

„Степенот на шверц на гориво на Балканот е намален од 1990-тите, но илегалната трговија сè уште продолжува и опстојува, преку Дунав и Средоземното Море преку пристаништето Драч. Тековниот конфликт во Украина претставува потенцијален ризик за шверцот на руски сурова нафта низ Црното Море“, вели Саша Ѓорѓевиќ, автор на извештајот.

Најавената забрана за увоз на руска сурова нафта во Бугарија во 2024 година би можела да ја пренасочи илегалната трговија со гориво на Балканот.

„Бугарија, Романија, Албанија и Србија може да се појават како идни жаришта на шверц на гориво. Пристаништата како Бургас, Констанц и Драч би можеле да послужат како влезни точки за шверцерски операции на Балканот, поврзувајќи се со постоечките рути долж Дунав. Само во Србија има речиси 40 погодни места за шверц на гориво“, објаснува Ѓорѓевиќ.

Во извештајот се нагласува дека со шверцот на гориво на Балканот се справува мешавина на криминални мрежи и странски актери кои работат преку границите.

„Поврзани лица од различни националности формираат криминални мрежи кои оперираат преку границите, користејќи различни рути, пред сè, на Дунав и Медитеранот, за нелегални активности. Нивниот фокус е на транспортот, дистрибуцијата и нелегалната продажба на гориво“, вели Ѓорѓевиќ.

Во извештајот се заклучува дека ова укажува на потребата од регионална соработка и заеднички напори за ефикасна борба против шверцот со гориво.

ЛИНК до публикацијата

Tags: горивоорганизиран криминалшверц
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ