• Latest

Ќе го пуштиме низ вода сето минато…

February 5, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќе го пуштиме низ вода сето минато…

February 5, 2018 16:36
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Викендов повторно се поплави Археолошкиот музеј на Македонија. Шестиот и седмиот кат се целосно поплавени од дождот, а вработените на Државниот архив и директорот Кирил Петров се обидуваа да спасат што може да се спаси, пренесувајќи ја архивската документација и материјал од едно место на друго.

Ова не е прв пат овие грижливо собирани и складирани документи да се соочуваат со катастрофа. После секој дожд или снег се случува истото, таваните прокиснуваат и постои опасност да се урнат, а документите се преместуваат на побезбедни локации, се до следниот дожд.

Уште во август 2016 година ЦИВИЛ објави сторија на граѓански новинар кога од Археолошкиот музеј на Македонија избиваше вода. Сторијата која предизвика бурни реакции во јавноста беше пренесена на многу медиуми.

Тогашното раководство на музејот „згрозено од текстот“ што го објави ЦИВИЛ остро ги демантираше наводите на граѓанскиот новинар и се закануваше со тужба. Денеска од истите очекуваме да излезат со сериозна загриженост за нешто што толку силно го негираа.

„Сметаме дека овие портали имаат само цел да се дискредитира работата и популарноста на музејот. Не случајно го пласирале текстот еден ден пред денешниот настан, кога имаме акција со Црвениот крст за дарување на крв, како придонес за неодамнешната трагедија во поплавените подрачја“, стои во демантот на музејот од 18 август 2016.

По оваа објава ЦИВИЛ направи серија разговори на темата со архитекти, вработени и лица кои имаат пристап до оваа зграда и кои секојдневно гледаат што се случува.

Една од нашите тогашни соговорнички, која поради работното место кое и овозможува пристап до објектот каде е сместен Археолошкиот музеј, ја сподели информацијата дека објектот на музејот е со три влеза: однапред, влезот на Археолошкиот музеј, а  од задната страна, двата влеза, на Уставниот суд и на Архивот на Република Македонија. Според неа, избивањето вода и влагата, не се проблеми само на Археолошкиот музеј, туку на сите институции кои се сместени во истиот објект, како и на нивните вработени, бидејќи, не се работи само за инцидент, туку за проблем што се повторува.

Неколкумина вработени и историчари, подолг период укажуваат дека е погубна преселбата на историската архива на Република Македонија во оваа зграда, која како и сите објекти од Скопје 2014 се со сомнителен квалитет. Криминалот кој претходната власт на чело со тогашниот директор на Државниот архив, Филип Петровски, го направија со целата архива која преку ноќ беше преселена од наменската зграда беше доволен удар за овие материјали од непроценлива вредност.

„Херојството“ на новите раководства на институциите сместени во овој објект, не само што е погубно, туку во најмала рака е опасно имајќи предвид дека овие документи и материјали не само што не смеат да бидат изложени на постојано преместување натака-навака, туку бараат посебни услови за чување.

Новиот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, во декември минатата година одржа прес-конференција на која ги презентираше условите во овој објект како и останатите институции од културата, велејќи дека се во многу лоша и алармантна состојба и даде насоки за итно санирање на проблемите. Два месеци подоцна се уште сме со истиот проблем. Последно, Архивот ќе се сели на нова локација.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски денеска најави дека се бара нова локација откако и викендов Архивот повторно беше поплавен и загрозена архивската документација. Така е при секој дожд откако пред две година оваа институција се пресели во новата барокна зграда на кејот на реката Вардар.

„За жал ова е уште еден доказ за нестручно изведен објект. Заедно со Владата размислуваме за нова локација за Државниот архив. Бараме нова зграда оти во овој објект на Археолошкиот музеј при секој дожд се соочуваме со прокиснување и се загрозува архивската граѓа. Комплетно ќе се преселат и вработените кои сега работат во несоодветни услови и целокупната документација која ја поседува Архивот. Се уште немаме одлука каде ќе се сели Архивот оти убаво треба да ги разгледаме сите опции не би сакале да имаме домино ефект, да решиме еден проблем, а да создадеме нов“, рече Алаѓозовски.

Во време кога урламе за зачувување на идентитетот, историјата, името и нацијата, со негрижата за ова непроценливо богатство можеби треба да се запрашаме колку навистина го заслужуваме?

Маја Ивановска

Tags: Археолошки музејДржавен архивпоплава
Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ